Прво нешто со што ќе се зафати армијата е тунелот кој ги поврзува Бруклин и Менхетен (Brooklyn Battery Tunnel). На локацијата веќе почнале да пристигаат генератори за струја и останата опрема испратена од морнарицата.
Кога се ќе биде на место почнуваат со вадењето вода од подземниот премин кој води до тунелот. Оваа работа ќе одземе 24 час и за тоа време ќе бидат испумпани околу 10 милиони галони вода (37 милиони литри).
Еден од проблемите со целата работа е што постојано ќе треба да се дислоцираат. Дополнително, армијата не смее на брзина да ги испразни тунелите, бидејќи тоа може да ја оштети нивната структура.
Ова е само за овој тунел, а чекаат уште неколку тунели кои го поврзуваат Менхетен со Њу Џерси и останатите делови од Њујорк.
Освен подземните тунели, армиските инженери треба да помогнат во уште 35 инфраструктури проекти за расчистување на клучни системи за транспорт низ Њујорк.