Идејата на Андреас Раптопулос е создавање на мрежа за "микро-транспорт" од дронови чија главна задача ќе биде испорака на најразлични видови стока низ сите можни локации на светот. Додека во градовите леталата ќе помогнат во намалување на гужвата во сообраќајот, во некои од отсечените места во Третиот свет тие ќе помогнат во испораката на лекови или храна.
Освен дроновите, единствен предуслов за функционирање е поставување мрежа на попатни станици, на кои леталата ќе можат да застанат за да ги наполнат своите батерии пред да продолжат до крајната дестинација.
Досега, компанијата има развиено функционална машина која може да ги демонстрира нивните планови (максимална носивост и е 2 кг.), а моментално работат на софтвер за навигација и автономно извршување на мисиите. Во процес е и изработката на конечниот дизајн на леталото и на станиците за полнење батерии.