Шведскиот конзулат ја напушти зградата на Хонгконг Клуб во центарот на градот и се пресели во Ван Чаи, еден од сомнителните делови на градот познат како Црвена област на Хонгконг. Местото е познато како последна локација на секој пијан банкар или новодојден морнар во градот. Меѓутоа заради ова и киријата е помала за околу 40% во споредба со центарот.
Во исто време и канадскиот конзулат го напушта центарот и се сели во Заливот на каменоломот, предградие на Хонгконг кој почна да станува популарен како добра евтина алтернатива за корпорации.
Високата цена на киријата има неколку основи. Прво, се создаваат многу малку недвижности за потребите на компаниите кои доаѓаат во Хонгконг за да прават бизнис со Кина. Според извештаите, понудата на комерцијални недвижности во градот во идните 9 години нема да покрие ниту половина од побарувачката. Второ, тамошните власти ја поддржуваат политиката на високи цени, заради големите приходи од давачки за градење. Трето, речиси секоја странска компанија која сака да работи во Кина, сака да има бек-ап канцеларија во Хонгконг.
Плус, градот има споменик на Брус Ли
Да не заборавиме, на тема киријата е висока