Во консултација со директорот на една компанија за проценка на недвижности, Вол Стрит Журнал ја одредува вредноста на Белата куќа на 1,5 милијарди долари.
Објектот има 13 спални соби и 35 тоалети, поделени на 6 катови. Плус, се смета дека има идеална позиција во градот, во близина на крајбрежјето, а е близу и до јавниот превоз.
Иако е стара 2 века, надградбите и реновирањето на објектот само ја зголемија нејзината вредност. Единствена забелешка е што често менува сопственици, што и ја намалува вредноста.
"Ако некој имот често ги менува газдите, тоа значи и поголеми шанси за негова деградација," објаснува Гери Гестсон, аналитичарот од компанијата за маркетинг на историски домови.
Во цената од 1,5 милијарди долари, не е пресметана историската вредност на куќата.