Рекламите на претседателите

Трошоците на кампањите на двете страни веќе ја достигнаа бројката од 1 милијарда долари, сума во која не се пресметани рекламите што ги плаќаат нивните симпатизери (super PAC).

900 милиони долари
Сумата потрошена на реклами од 1-ви јуни до 21-ви октомври, вклучувајќи ги и парите од симпатизерите.

600 милиони долари
Потрошувачката за реклами во истиот период во 2008.

915.000
Вкупниот број на реклами емитувани од кампањите на Ромни и Обама.

637.000
Бројот на реклами емитуван во од претседателските кампањи во истиот период во 2008.

44,5
Проценти зголемување на бројот на реклами во 2012-та, споредено со истиот период во 2008-ма.

112.000
Про-Обама реклами во првите три недели на Октомври.

97.000
Про-Ромни реклами во првите три недели на Октомври.

87 милиони
Сумата што Републиканците (кампањата, партијата и нивните симпатизери) ја потрошија за овие 3 недели. Во 2008-ма, во овој период потрошиле само 40 милиони долари.

77 милиони
Сумата што страната на Демократите ја потроши во овие 3 недели. Во 2008-ма, демократите потрошија уште повеќе - 86 милиони долари.

438
проценти зголемување на потрошувачката на ТВ реклами од демократските групи, кои не се дел од официјалната кампања или партијата.

954
проценти зголемување на купувањето реклами од про-републиканските групи.

13
од вкупно 15-те најголеми медиа пазари во САД, имаат поголема застапеност на про-Обама рекламите во споредба со оние на Ромни и неговите симпатизери.

1 милијарда
Вкупната сума што кампањите ќа ја потрошат на рекламирање од почетокот на кампањата до денот на гласањето.

27 октомври 2012 - 14:23