На прво место е Швајцарија, a меѓу првите десет има и уште 4 други држави од Европа (од кои само 2 го користат еврото). На второ и трето место се Канада и Јапонија а до петтото место се уште Шведска и Нов Зеланд.
Петте најлоши брендови од држави се Авганистан (последен), Пакистан, Сомалија, Иран и Либија.
Индексот е базиран на "глобалната перцепција" за земјата која ја мери колектив од 3600 експерти за јавна политика, глобализација, и медиуми.
Основата по која една држава станува бренд е иста со начинот на кој една корпорација станува добар бренд: дали луѓето имаат силно чувство за културата на земјата, дали сакаат да ја посетат и дали сакаат да прават бизнис со неа.
Настрана од ова, бренд државите мораат да имаат толерантна влада и висок стандард на живеење.