Пред неколку дена објавивме за стариот брачен пар кој со целиот свој инает ги натера кинеските власти да направат автопат околу нивната куќа. Денес објавуваме за нивната капитулација.
Швајцарија е најдобрата земја да бидеш роден во 2013-та, на сосема другата страна по 11 различни основи е Нигерија. Нас, дали за добро, дали за лошо, не нема на списокот.
Додека кинеските блогери и медиумите имаат неочекувано сериозен успех во откривање на корумпираните политичари, клучен сегмент на општеството за апсење на политичарите се - нивните швалерки.
Речиси 6 години откако ја имаше главната улога во судирот меѓу Британија и Русија, Полониум-210 повторно се врати во центарот на вниманието, овој пат на другата страна на светот - во Палестина.
Кога неодамна неуништливиот Путин се повреди во некоја од неговите "воншколски" активности, сите тоа го поврзаа со неговото летање со птиците. Всушност целата работа била од ќотек.
Официјалниот весник на кинеската комунистичка партија ја пренесе веста за изборот на Ким Јонг Ун за најсекси маж на светот. Изборот во кој победи првиот човек на Северна Кореја, го организира сајтот - Onion.
Додека Русија чека од катастарот на О.Н. да и биде дозволено да влезе на Арктикот и да почне со вадење нафта и гас, Западот по сите основи гледа да го спречи нејзиното стапнување на Северниот Пол. Сега, Светската банка се обидува со екологија.
Нешто пред да се случи швалерската аферата со генералот Петреус во САД, во Русија веќе се одигра слична драма со Министерот за одбрана и уште неколку компликувани ликови.
После првата ноќ од нападите на Израел врз Газа, на Твитер се појави фотографија од 11-месечно бебе кое беше убиено од израелски проектил. Неколку часа подоцна се појави фотографија од уште едно бебе, овој рането девојче од Израел. Војната почна и на Твитер.
Постар брачен пар решава да не им ја продаде својата куќа на инвеститори кои имаат градежен проект во нивното соседство. Инвеститорите се откажуваат, од купување на куќата, не од проектот.
До сега одбранбениот систем на Израел (Железната купола) има уништено (во воздух) над 300 ракети испукани од Газа кон израелските населби. За несреќа на над 100 загинати од другата страна, Палестинците во Газа немаат ништо приближно на ова.
Секс терапевти бараат легализирање на виртуелна детска порнографија, за педофилите да можат некако "да си ги олеснат потребите." Како и други легализирања и ова е од Холандија.
Американската влада објави упатство за тоа што се може да прават американските компании во странство, а тоа на да се смета за корупција. Работи од типот - не е дозволено да му дадеш некому актовка полна со пари, ама па има и други начини како да го решиш тоа.
Од канцеларијата на Градоначалникот на Њујорк решаваат да го измерат загадувањето во градот. Се вадат од памет од бројките. Наместо да ги кријат, ги објавуваат на најсликовит можен начин.
Тоа што во моментов се случува во Грција, Шпанија, Италија и Португалија, ќе биде инстантно засенето од најголемиот проблем што ја демне Унијата - Франција.
Како што беше најавено, Бритиш Петрол ја доби казната за хаваријата во Заливот на Мексико. Се на се - 4,5 милијарди долари. Еве како ќе бидат поделени парите:
Долгогодишниот конгресмен, доктор и трикратен претседателски кандидат, објави дека се пензионира на крајот од годинава. Во средата го одржа својот последен говор на говорницата на која излегуваше 23 години.