Проблемот за Обама околу Гвантанамо е што најголемиот дел од критиките доаѓаат од левицата, додека најголемиот дел од проблемите и пречките во затворањето доаѓаат од десницата.
Кога Обама се закани дека ќе го блокира целиот буџет на армијата доколку се донесе законот со кој се забранува префрлување на терористи во затвори на американска територија (еден од условите за затворањето на Гвантанамо), тој се отвори за напади од Републиканците кои сега тврдат дека претседателот сака да го намали воениот буџет.
Во основа, прогресивните сметаат дека Обама се влече околу целата работа и ги гази човековите права, додека конзервативците го обвинуваат за уништување на националната безбедност со тоа што сака да смести терористи на американско тло.
Според анализите, дури и да ги смести Обама спорните 166 затвореници во американски затвори, малку е веројатно дека најголемиот број од нив ќе видат судење или воопшто бел ден.