Проблемот е во земјата е доволно сериозен за Тајланд да биде број еден држава во светот по бројот на ампутирани пениси.
Целата работа се одвива навечер, (скроз не ферски) кога мажот е заспан (најчесто) заради пијанство. Тогаш нервозната сопруга во еден потег со кујнски нож му го отсекува пенисот на сопругот и го фрла низ прозор, каде најчесто го дочекува некое од домашните животни (патки, прасиња, кокошки). (Тајланѓаните имаат и изрека - подобро да се приберам дома, или патката вечер ќе има што да јаде.)
На темава истражување прават двајца професори од Медицинскиот Колеџ во Џорџија. Во студијата "Фактори поврзани со ампутацијата на пенис во Тајланд" се анкетирани три поранешни брачни парови, во кои сопругот има настрадано. Од нивните сведоштва истражувачите прават хронологија на настаните кои се случиле пред отсекувањето:
1. Финансиска криза / проблеми.
2. Консумација на алкохол или дрога од страна на сопругот пред настанот.
3. Јавно понижување на сопругата заради присуство на љубовницата.
Во 2008-ма Журналот за урологија го пренел истражувањето на двајца доктори од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, во кое се заклучува дека: "Жените јавно ги поттикнуваат и наговараат другите посрамени жени, да го направат ова. Најголемиот дел од светските извештаи за ампутација на пенис, доаѓаат од оваа земја, во која верноста е една од најценетите вредности."