Иако парите доста значат во позиционирањето на листата, сепак важни се и фактори како: криминал, доверба во институциите, стабилноста на семејниот живот, географија, демографија, социјални и културолошки карактеристики, состојбата на светската економија и политики на државата.
Сето ова (комплетната методологија ја имате тука) се става во перспектива на економските прогнози до 2030-та, кога бебињата родени во 2013-та ќе достигнат зрелост.
Меѓу топ 10-те држави доминираат малите економии. Половина од овие се европски држави, но само Холандија е членка на евро зоната.
Најголемите европски економии (Германија, Франција и Британија) сериозно заостануваат позиционирајќи се на 16-то, 26-то и 27-мо место. Додека европските загубари (Грција, Португалија и Шпанија) се уште подолу на списокот и покрај тоа што имаат одлични оценки за климатските услови.
САД, каде бебињата што ќе се родат во 2013-та ќе наследат добар дел од долговите на сегашните генерации, се наоѓа на 16-то место.
Секако, човек уште може да се вади на репликата на Орсон Велс во Третиот Човек: "Италија 30 години беше во војна, терор и убиства за време на владеењето на Борџија, и во тоа време го создаде Микеланџело, Леонардо да Винчи и Ренесансата. Швајцарија 500 години има мир и демократија - и во тоа време создаде ѕидни часовници."