И покрај тоа што и во самиот наслов (North Korea's top leader named The Onion's Sexiest Man Alive for 2012.) го имаат изворот, веста од Онион на сајтот на Peoples Daily е сосема сериозно проследена со 55 фотографии топчестиот лидер.
Пренесувајќи го сатиричниот извештај на Onion, весникот пишува "Со неговото неодоливо убаво, тркалезно лице, неговиот младешки шарм и неговата силна и цврста градба, овој срцекршач од Пјонгјанг е сон на секоја девојка."
"Благословен со власт која ја сокрива неговата непогрешиво слатка и мила страна, Ким направи уредништвото на овој весник да потклекне под неговото перфектно чувство за мода, шик фризура и легендарната насмевка," продолжува Onion во текстот пренесен од кинескиот весник.