Неговиот говор траеше 48 минути, и како ретко кога ова беше говор што Рон Пол лично го напиша.
По анализата на говорот, сите го потенцираа редоследот по кој Рон Пол ги поставуваше своите прашања.
Еве како одеше:
- Зошто болните луѓе што користат марихуана завршуваат во затвор?
- Зошто федералните власти забрануваат пиење на необработено млеко?
- Зошто Американците не можат да произведуваат јаже и други производи од коноп.
- Зошто на Американците не им е дозволено за плаќање да ги користат златото и среброто како што тоа е гарантирано во Уставот.
- Зошто Германија стана доволно загрижена за да размислува за изнесување на златните резерви од САД? Дали тоа значи дека довербата во САД и супериорноста на доларот почна да исчезнува?
- Зашто нашите политички лидери веруваат дека е непотребно детално да се преброи нашето злато?
- Зошто Американците не можат сами да решат кој тип на сијалици ќе ги купуваат?
- Зошто на аеродромските власти им е дозволено да ги злоупотребуваат правата на секој Американец што патува со летање?
- Зошто треба да има задолжителна казна - дури и доживотна и за криминал без жртви - како што тоа го налагаат нашите закони за борба против дрогата?
- Зошто им дозволивме на Федералните власти да ги регулираат комодите во нашите домови?
- Зошто е политичко самоубиство да се критикува AIPAC (The American Israel Public Affairs Committee)?
- Зошто не сме се откажале од војната против дрогата, кога очигледно таа ги нарушува правата на луѓето? Дали никој не забележува дека властите не можат да спречат користење на дрога ниту во затворите? Како може претворањето на нашето општество во затвор да го реши проблемот?
- Зошто толку многу жртвуваме вклучувајќи се во решавање на гранични спорови и цивилни проблеми низ светот а го игнорираме потеклото на причинат на една од најсмртоносните граници во светот - меѓу Мексико и САД?
- Зошто Конгресот своеволно ги предаде своите права на Извршната власт?
- Зошто промената на владејачката партија никогаш не доведува до менување на политиката? Можно ли е ставовите на двете партии во основа да се исти?
- Зошто големите банки, големите корпорации и странските банки и странските корпорации беа спасени во 2008-ма, додека средната класа ги изгуби своите работни места и своите домови?
- Зошто голем број владини и федерални претставници веруваат дека создавањето пари од воздух, создава богатство?
- Зошто толку многу луѓе го прифаќаат сериозно погрешниот принцип дека владините бирократи и политичари можат да не заштитат нас од самите себе си, без притоа да го уништат принципот на слобода?
- Зошто луѓето не можат да разберат дека војната секогаш уништува богатство и слободи?
- Зошто толку малку луѓе се загрижени што Извршната наредба му дава право на претседателот да направи "список за убивање," кој може да вклучува и Американски граѓани?
- Зошто се смета дека патриотизмот треба да биде слепа лојалност кон владата и политичарите кои ја управуваат, наместо лојалност кон принципите на слободата и поддршка за луѓето? Вистинскиот патриотизам е решителноста да се предизвика владата кога таа греши.
- Зошто се тврди дека ако луѓето не сакаат или не можат да се грижат за своите потреби, тогаш луѓето во владата ќе го направат тоа за нив?
- Зошто воопшто и дозволивме на владата да може да започне насилство кон луѓето?
- Зошто некои членови го штитат правото на слободен пазар, ама не и на граѓански права?
- Зошто некои членови ги штитат граѓанските права ама не и слободниот пазар? Нели се тие исти?
- Зошто повеќе луѓе не ги штитат и економските слободи и личните слободи?
- Зошто нема повеќе индивидуалци кои се трудат интелектуално да влијаат другите да направат позитивни промени, отколку оние кои се обидуваат да стигнат до моќ и со сила да ги натераат другите да ги следат нивните наредби?
- Зошто никој не го преиспитува користењето на религијата за поддршка на војни, за кои мора да се користи насилство или закана за насилство? Агресијата и присилната редистрибуција на богатството нема никаква врска со учењата на најголемите религии во светот.
- Зошто и дозволуваме на владата и на Федералните резерви да шират лажни информации за справувањето со економските прашања и надворешната политика?
- Зошто демократијата ужива толкава почит, кога е непријател на малцинството и ги прави сите права релативни во однос на диктатот на мнозинството?
- Зошто некој треба да биде изненаден што Конгресот повеќе нема кредибилитет, бидејќи има комплетна разлика меѓу она што политичарите го зборуваат и она што го прават?