„Трамп ќе биде неправедно обвинет за катастрофата“ вели гуруто на американските либертаријанци Рон Пол кој предупредува дека САД и светот се пред уште една, досега најголема финансиска криза која е имплантирана уште во претходната.
Човекот по образование е лекар, ама по стаж и работно искуство од 1976-та е конгресмен, а во 1988-ма решава прв пат да се кандидира за претседател. Оваа го повторува во 2008-ма и во 2012-та кога повторно се кандидира на претседателските избори.
Долгогодишниот конгресмен, доктор и трикратен претседателски кандидат, објави дека се пензионира на крајот од годинава. Во средата го одржа својот последен говор на говорницата на која излегуваше 23 години.