За што ќе плати БП 4,5 милијарди долари

Како што беше најавено, Бритиш Петрол ја доби казната за хаваријата во Заливот на Мексико. Се на се - 4,5 милијарди долари. Еве како ќе бидат поделени парите:

1,26 милијарди долари за кривични дела

- 11 обвинувања по основа на "Лошо раководење и запоставување," кои се однесуваат на смртта на 11-те работници на платформата.

- 1 обвинение за попречување на работата на Конгресот, бидејќи компанијата доставила погрешни информации за стапката на нафта која истекува од бунарот. Конечната владина пресметка е дека истекувале меѓу 53.000 и 62.000 барели нафта дневно. БП пријави меѓу 20 и 50 проценти помалку од тоа.

- Прекршување на Законот за чиста вода, бидејќи Бритиш Петрол погрешно спровел тест за безбедност и продолжил да работи и покрај тоа што знаеле дека може да има неочекувани последици (кои на крај доведоа до несреќата).

- Прекршување на Законот за птици преселници, кој забранува убиство на одредени птици. Излеаната нафта го направи токму тоа.

2,349 милијарди долари (во следните 5 години): за Националната фондација за риби и дивеч

- БП веќе работи со Фондацијата во Фондот за дивеч.

350 милиони долари: за Националната академија за науки

- Парите ќе служат за дополнителни истражувања на теми поврзани со вадењето нафта и безбедноста на околината.

525 милиони долари: за Комисијата за цените на обврзниците и берзата

- Ова повторно се однесува на начинот на кој БП го пријави истекувањето на нафтата. Властите објаснуваат дека компанијата погрешно ги навела инвеститорите, како и владата, за тоа колкав е обемот на дамката. Во тоа време се тврдеше дека нафтата истекува со околу 5.000 барели дневно. Вистинската бројка беше приближна на 50.000 барели дневно.

16 ноември 2012 - 13:52