Битката за Арктикот

Додека Русија чека од катастарот на О.Н. да и биде дозволено да влезе на Арктикот и да почне со вадење нафта и гас, Западот по сите основи гледа да го спречи нејзиното стапнување на Северниот Пол. Сега, Светската банка се обидува со екологија.

Кремљ тврди дека Русија има право на најголемата површина од тој дел на Евроазија, која според нив е точно 1,2 милиони километри квадратни. Светската банка тврди дека Русија може да добие ист извор на енергија, кога би се свртила кон обновливите извори и би го заборавила дупчењето на Арктикот.

Светската банка, преку својата International Finance Organization, дури и нуди на Русија бесплатно да изградат десетина електрани на ветар во регионот Мурманск, кои ќе можат да извезуваат струја и во Европската Унија.

Проблемот е доколку некако Русија се согласи на ова, таа би била отстранета од економско-енергетските договори со ЕУ околу експлоатацијата на нафта и плин на Северниот пол, и овие договори ќе им бидат препуштени на англо-американските компании.

Процените се дека на Арктикот се наоѓаат 15% од светските неоткриени резерви на нафта и 30% од неоткриените светски резерви на гас.

27 ноември 2012 - 10:15