220 спратови за 90 дена

Кина ќе ја изгради највисоката зграда на светот и тоа во рок од 90 дена. Само ова - зградата ќе има 104 лифтови.

Името и е Sky City, висока е 220 катови (838 метри) и ќе биде изградена во градот Чангша. Стапката на градење ќе биде отприлика 5 спрата на ден.

Зградата е дизајнирана од инженери кои имаат работено на Бурж Калифа, а инаку се од истата компанија која изгради хотел од 30 спратови за 15 дена (хотелот уште стои и функционира).

Брзината во кревањето на зградата треба да ја постигнат со помош на однапред подготвени калапи, произведени од компанијата Broad Sustainable Building.

Друга предност е што за разлика од Бурж Калифа, речиси цел Sky City ќе може да биде населен. Со висина од 829 метри, Бурж има само 163 спратови (кај кинезите, со 9 метри разлика ќе има 220).

За зградата ќе бидат искористени неверојатни 220.000 тони железо, а во неа се очекува да живеат околу 31.000 луѓе. 83 проценти од зградата ќе биде за станови, а остатокот ќе биде поделен меѓу канцеларии, болници, продавници и ресторани. За потребите на сите нив ќе има 104 лифтови.

Метар квадратен ќе чини 1.500 долари, (додека во Бурж Калифа е 15.000 долари). Зградата е отпорна на земјотрес до 9 степени.

Хотелот што го направија за 15 дена

21 ноември 2012 - 11:20