Во 2006-та Александар Литвиненко почина токму од труење со Полоним-210. Поранешниот шпион на КГБ, кој стана главен извор на информации на новинарите за функционирањето на Русија, бил отруен за време на состанокот со двајца Руси во хотел во Лондон.
Ретроспективата околу Полониум-210 е затоа што научници од Швајцарија, Франција и Русија, деновиве го отворија гробот на Јасер Арафат барајќи во него знаци за смртоносниот елемент.
Целата работа започна откако во јули на четката за заби на Арафат и на неговата долна облека беа најдени трагови на радијација.
Полониумот по своите карактеристики е неодоливо средство за извршување атентати. Според Регулаторната комисија за нуклеарна енергија на САД, надворешната изложеност на елементот речиси и да не може да направи некаква штета (доволен е лист хартија за да се заштитиш од него). Меѓутоа доколку биде внесен во организмот (голтање / инхалација) тој рапидно започнува со уништување на најважните органи, ДНК-а и имунитетниот систем.
Притоа доволно е само едно зрно од елементот (со големина на зрно сол) за да се убие маж од 70 килограми.
Според историчарите Полониумот никогаш не бил еден од омилените изуми на Марија Кири, која го сметала за премногу нестабилен, помалку интересен и помалку корисен (во споредба со радиумот). Таа прво го открива Полониумот во 1898-ма, а дури потоа го открива Радиумот.