Министерот Анатолиј Сердјуков беше сменет од позицијата по основа на корупција во неговото министерство. Она што беше прескокнато во официјалната верзија е дека веројатно замената е сериозно поврзана со неговата љубовница која е вработена во Министерството.
Она што швалерката го комплицира околу позицијата на Сердјуков е што тој целата своја кариера му ја должи на Виктор Зубков поранешен премиер на Русија, еден од најблиските соработници на Путин и татко на сопругата на Сердјуков, Јулија Зубкова.
Пред да стане Министер за одбрана, Сердјуков имал работел на продажба на мебел.
Инаку, третата жена во аферата е Евгенија Василиева, моментално е во домашен притвор и чека судење заради корупција. Василиева живее во 13-собен стан вреден околу десет милиони долари, кој според руските медиуми е преполн со скап накит и уметнички дела.
Откако Сердјуков дојде на позицијата, тој започна прилично амбициозни реформи во армијата, кои беа возможни само благодарејќи на поддршката од Путин. Отказот на Сердјуков беше прилично чуден за сите, бидејќи Путин е познат како човек кој "не се откажува од своите луѓе" без разлика дали се корумпирани или не.