56 проценти од Британците веднаш би излегле од Унијата, а останатите 14% не знаат како се чувствуваат околу целата работа, покажува истражувањето на Обсервер.
Поделени по партии, излегувањето и останувањето во ЕУ, изгледа вака:
- Конзервативци: 68% наспроти 24%
- Лабуристи: 44% наспроти 39%
- Либерал Демократи: 39% наспроти 47%
(разликата отпаѓа на неодлучните)
Од сите анкетирани само 28% сметаат дека ЕУ е "добра работа" додека 45% сметаат дека "лоша работа." Младите Британци даваат далеку поголема поддршка. Дури 44% сметаат дека членството во ЕУ е добра работа, наспроти 25% кои се против идејата.