Свет

Политика е кога денес е лошо нешто што вчера било добро

Накратко, лицемерие. Бидејќи само набројувањето на овдешните примери за бедотии со двојни стандарди би ни одзело денови и денови, да илустрираме со случај од американската политичка сцена: Демократите денес демонизираат една републиканска политичка линија која до вчера ја креираше и водеше Барак Обама. 

Зошто Шведска го врати задолжителното служење војска

Пред само седум години Шведска го укина воениот рок, ама откако се случија "безбедносни промени во соседството", реакцијата на Шведска во опкружување како на Шведска е дека сепак редовното служење војска е фина заштита од промените во околината.

Ле Пен: Франција не се бурки на плажа, Франција е Брижит Бардо

Десничарската кандидатка за претседател на Франција беше на 60 минути кај Андерсон Купер. Најчесто за наслов го издвојуваат нејзиното прогласување војна со дивјачкиот глобализам. Пар други поенти.

Трамп нема пари ни за парапетче кон Мексико

Доналд Трамп ветуваше дека ѕидот кон Мексико кој ќе ги спречи илегалните мигранти да влегуваат во САД ќе го гради не само брзо туку и од „постоечките средства кои стојат на располагање“. Сега открива дека на располагање му стојат само 20 милиони долари.

Случајот на советскиот граѓанин заглавен во 2017

Василиј Бабина на 22 години влегува во затвор заради провала, кражба и убиство. Од затвор излегува на 58 години. Во затвор влегува како граѓанин на СССР, така и излегува само што во меѓувреме неговата држава станува Русија, а тој останува граѓанин на СССР.

Кој беше човеков што одржа претседателски говор пред Конгресот?

Атлантик пишува "Трамп го смени тонот", Вашингтон пост и Л.А. тајмс го забележуваат истото околу тонот, Бизнис инсајдер пишува дека Трамп го има својот прв претседателски момент.

Американскиот милијардер што помогна Британија да излезе од ЕУ

Роберт Мерсер е хеџ-фонд менаџер во чие резиме меѓу другото стои и дека е пријател со Најџел Фараж, дека брегзит е делумно и негова заслуга, дека е еден од сопствениците не Бреитбарт, и дека минатата година беше донатор на кампањата на Доналд Трамп.

Јонг-Нам отруен со најмоќниот нервен агенс познат на човештвото

Супстанцата со која е отруен Ким Јонг-Нам се води како VX нервен агенс (ethyl N-2-Diisopropylaminoethyl Methylphosphonothiolate), хемиско соединение кое О.Н. го класификува како оружје за масовно уништување.

Трамп има потрошено повеќе време на голф, отколку на разузнавачки брифинзи

Иако од медиумската истоштеност изгледа како да трае колку прва третина од турско ропство, на 22-ри февруари се исполнија (само) 744 часа откако Трамп даде заклетва за претседател на САД. Вашингтон пост направи пресметка каде Трамп го потрошил времето во првиот месец.

Битката против Трамп почнува со чистка на демократите?

Она што почна како кампања за претседателска кандидатура на Берни Сандерс, продолжи како борба на Сандерс и неговите симпатизери против Трамп. Прв чекор од планот, преземање на контролата на сопствената партија.

Американците бараат нивно СЈО

Откако разузнавачките служби испорачаа материјали според кои спроведена е тајна руска операција чија цел е да Трамп да биде избран за претседател на САД, сега има сомнеж дека американските власти имаат капацитет да спроведат независна истрага околу наодите.

Митот за вулканот што му пресуди на Ким Јонг-Нам

На 13 февруари во Куала Лумпур беше убиен постариот полубрат на Ким Јонг-Ун, од две жени од кои едната носи маичка натпис „LOL“. Според јужнокорејското разузнавање, атентатот е планиран од лидерот на Северна Кореја, кој инаку никогаш го нема сретнато својот полубрат.

Русија нема да плаќа кирија за Крим

Неформален мировен план за Украина, скициран од еден украински парламентарец а преку блиски бизнис врски доставен до Доналд Трамп ги налути и Москва и Киев.

Подобро уапсен во Канада откако на слобода во САД

Канадски граничар: „Ако направите само уште еден чекор ќе мора да ве приведеме и да ве однесеме во притвор“. Мигрантот клима со глава дека ја разбрал пораката. И го прави чекорот.

Северна Кореја: Магбет со нуклеарки

Првиот човек на Северот е очаен, неговата граница за ризикување е ниска, и тој има опасни оружја, сето ова е застрашувачки микс, пишува Гордон Чанг во Дејли Бист.

Не е важна оставката на Флин, важно е кој му кажал да се чуе со Русите

Мајкл Флин е американскиот генерал со три ѕвезди што пред неколку дена беше сменет од позицијата советник за национална безбедност на Трамп поради неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон. Според магазинот Политико, американски генерал не се слуша по своја волја со руски амбасадор.

Убиен полубратот на Ким Јонг-Ун

Ким Јонг-Нам, 45-годишниот полубрат на севернокорејскиот лидер, убиен е на аеродромот во Куала Лумпур, објавува Бибиси.

Важно се апси

Минатата недела во САД уапсени се стотици нелегални имигранти во серија рации што надлежните за имиграција ги спроведоа низ 6 сојузни држави.

Струја на погон од загадување од струја

И само како концепт ова звучи брилијантно паметно: батерија што се полни од загаден воздух, не и се важни ПМ честички, важно е да има јаглерод-диоксид. А не е само концепт.

Кина се вежба за WW3, за секој случај

Нови извештаи обелоденуваат загрижувачко ниво на деталност на кое кинеската армија се подготвува за евентуална војна со САД. Главното сценарио на конфликтот им е одбрана од Американците, при што на Кинезите ќе им биде најбитно прво да ја зачистат околината од американски воен хардвер.

Толку од искулираниот

36-годишниот Михаил Толстих а.к.а. Гиви, еден од најпрепознатливите команданти на руските сепаратисти од Доњецк, утрово е убиен во атентат.

Рон Пол најавува финансиска апокалипса

„Трамп ќе биде неправедно обвинет за катастрофата“ вели гуруто на американските либертаријанци Рон Пол кој предупредува дека САД и светот се пред уште една, досега најголема финансиска криза која е имплантирана уште во претходната.

Што мајка бара Норвежанец во Иран?

Поранешниот норвешки премиер бил задржан на вашингтонскиот аеродром и испитуван од остроумните американски служби. Им станал сомнителен откако во пасошот виделе дека пред три години го има посетено Иран. Пасошот бил диплломатски. 

Освен што ѝ треба чудо, Британија нема да има проблем со брегзит

Очекувањата се дека Британија добро ќе пројде со отцепувањето од Унијата, сè додека успее да ги постигне најдобрите трговски договори што некогаш се видени.