Јутјуб скот на суд

Јутјубер е на пат да добие 2-годишна казна затвор, откако како дел од „пранковите“ за видеата на својот канал на бездомник му дава Орео колаче полнето со паста за заби. Притоа резонирањето на 20-годишникот е „гледај на позитивната страна, ова ќе му помогне да си ги исчисти забите.“

Кангуа Рен, е жител на Барселона, има околу 1,2 милиона претплатници на својот канал, и шпанскиот суд освен предложената казна затвор треба да разгледа и казна од 30.000 евра.

Според извештаите бездомникот повраќал пет минути откако го изел колачето.

Во видеото, кое сега е избришано, Рен се снима како го празни Орео колачето од оригиналниот фил и го полни со паста за заби. Освен колачето, Рен на бездомникот му дава и 20 евра.

Шпанското обвинителство тврди дека Јутјубер подоцна му понудил 300 евра на бездомникот за да молчи. Во прегледот на каналот на Рен, биле откриени видеа во кои тој прави сендвичи со измет од мачка и ги нуди на дечиња и постари луѓе со цел да ги снима за својот влог.

Од видеото со бездомникот Кангуа заработил околу 2.000 долари од Јутјуб.

21 април 2018 - 13:51