Сириски бегалец кој изминативе 8 години живее во Германија и пишува колумни, во отворено писмо го повика секој Австриец да ги дели своите пари и домот со бегалци, бидејќи „интеграцијата функционира само ако е двострана - само едната страна не е доволна.“
И во врвот на Студената војна, германските домови се греат благодарејќи на горивото испорачано преку 4.000 километри долгиот советски нафтовод Пријателство. Иако Пријателство ќе продолжи со работа, апдејтот на руско-германската соработка во форма на Северен тек 2, е сериозен извор на проблеми и притисоци врз Меркел.
Извештајот на германското сојузно министерство за социјални прашања покажува дека за комплетниот систем за социјална заштита во земјата минатата година биле платени 965,6 милијарди евра.
29-годишната Мариа Бутина која пред неколку недели беше уапсена во САД под обвинение дека е руски шпион кој се обидува да се инфилтрира во републиканските кругови, сама на пијано се има издадено дека е руски шпион, и тоа не еднаш туку неколку пати. Со други зборови Русите во САД распоредуваат шпион кој не држи алкохол и кој не молчи за својата задача.
По наредба на рускиот претседател создаден е директорат за промовирање на патриотизам во руската армија. Потегот речиси инстантно евоцираше спомени на еден слична пракса од СССР во која политичките комесари промовираа Марксизам и Ленинизам.
Откако Трамп преку Советникот за национална безбедност, Џон Болтон, пушти абер дека сака Путин да му дојде на гости во Белата куќа, реакцијата на рускиот претседател беше - ништо. Цели пет дена ниту ја прифати, ниту ја одби поканата.
Британски медиуми објавуваат протечени мејлови според кои Катар ангажирал пи-ар агенција и поранешни агенти за ЦИА со цел ширење на лажна пропаганда за главните конкуренти за организирање на Мундијалот во 2022, САД и Австралија.
Составувајќи го случајот против Ел Чапо, американското обвинителство како доказ испорача и еден список на луѓе убиени по нарачка на првиот човек на Синалоа картелот. Како што обично бива кога обвинителство ќе почне да работи на рекла-казала и урбани легенди доказите баш и не излегуваат најстабилни.
Признанието на доскорешниот адвокат на американскиот претседател дека Трамп бил известен за состанокот со Русите во јуни 2016 во Трамп тауер, нема да држи во суд доколку остане само на тоа едно сведоштво.
Ако и кај владата и кај опозицијата и кај медиумите во скандинавската држава преовладуваат силни анти-руски чувства, кај кого тоа тие би се мешале за да ги изместат изборите, прашува руската амбасада во земјата.
Не дека се на мала душа и дека би напуштале, ама ако мора да бираат значителен дел од Швеѓаните и Данците попрво би биле дел од „Нордиска унија“ меѓу Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд, отколку оваа сегашнава Европската Унија.
Изминатиов период плажите на Доминиканска република се претворени во воено поле, на кое властите и волонтери се обидуваат да го расчистат хаосот предизвикан од постојаните бранови отпад кои го заплискуваат брегот.
Американскиот министер за одбрана побара од Конгресот во пакетот „воспитни мерки“ што и го спремаат на Турција да не ја блокира турската набавка на Ф-35 авиони, бидејќи тоа ќе предизвика комплетно нарушување во процесот на производство на авионот од 100 милиони долари.
Составен од 22 иницијативи планот предвидува „интегрирање на гетата“ во земјата, и во основа на терен се доживува како систематски напад на сите малцински и бегалски заедници.
Како што успешно ја заврши кампањата за брегзит, така Борис Џонсон беше назначен за министер за надворешни работи во новата британска Влада која требаше заеднички да ја носи државата низ преговорите за напуштање на ЕУ. Таму продолжи во истиот стил од времето кога беше градоначалник на Лондон, овозможувајќи и на Тереза Меј десетина пенали за без никакво двоумење да му даде отказ. На крај се случи обратното, Џонсон во знак на притисок врз Меј ја напушти британската влада.
Уште непочнат работниот дел од состанокот, во она уводно парче во кое новинарските екипи имаат пар минути да фатат фотографии и видео снимки додека главните играчи главно разменуваат куротазни погледи и пораки, Трамп реши на Столтенберг јавно да му плесне пар факти за тоа кој е под руско влијание.
Членките не уплаќаат членарина, Турција купува руски С-400 а некои овдешни будалетинки ја убедуваат својата лумпен публика дека ние сме биле главна ѕвезда на самиот на НАТО. Тејк ит изи.
Баварија става крстови на државните згради а полицијата почна да патролира долж границата на „Европа без граници“. Ако на крајните десничари им оди волку добро во услови забревтана економија, што ли ќе се случи со нивната популарност ако економија почне да стагнира?
Без разлика колку од година во година членките на ЕУ стануваат поинтегрирани и меѓусебно поповрзани, европската политика „и понатаму останува заглавена во националниот силос,“ нешто што Алберто Алемано го нарекува „демократскиот јаз на ЕУ.“
Египетските власти соопштија дека нема да изградат бегалски центри за мигранти депортирани од ЕУ ако тоа се побара од нив. Токму „прифатните центри“ се дел од планот на ЕУ за решавање на нивниот проблем со бегалците.
Кинеските власти ги предупредуваат своите сограѓани кои планираат да патуваат во САД на двете најголеми зла во земјата: чести вооружени престрелки и огромни сметки за лекување, а и со тоа цариниците нема разбирање.