Свет

Кралица бежанија никад није плакала

Периодов од прашина се извадија планови од времето на Студената војна за безбедно сместување на британското кралско семејство вон Лондон, но овој пат намената им е во случај Британците по излегувањето од ЕУ да решат да се свртат кон анархија.

Дилер на два тона кокаин уловен на сол

Во најголемата заплена во последниве 25 години во Италија паднаа 2 тона кокаин, додека во Шпанија падна човекот што не ги дочека овие 2 тона.

Советниците на Макрон би ја умреле г-ѓа Макрон за да му извадат подобар рејтинг

Иако немаат конкретен план за ова, најблиските советници на францускиот претседател знаат дека таков случај ќе му дозволи тој да се претстави како „ужален вдовец“, се тврди во новата книга „Мадам претседател“ напишана од две француски новинарки.

Саудијците собраа 107 милијарди долари од борбата против корупција

Паралелно со објавување на крајот на кампањата против корупција во земјата, престолонаследникот на саудискиот трон, принцот Мухамед бин Салман, објави дека во неа се запленети околу 107 милијарди долари. Најголемиот дел од парите се од чичковци, вујковци или братучеди на гореспоменатиот принц.

Путин – Трамп, скоро па во четири очи

Двајцата претседатели се сретнале набрзинка за време на Г20 самитот во Буенос Аирес, а освен нив на средбата присуствувале само уште преведувачот на Путин и сопругата на Трамп, Меланија.

Гуаидо не смее во странство, Мадуро не може со нафта

Врховниот суд на Венецуела му забрани на про-американскиот Гуаидо да ја напушта земјата. САД ѝ забранија на нафтата на Мадуро да пристигнува во САД. 

Трамп како хонорарен туристички водич низ Белата куќа

Еден од главните мераци на Трамп на новата позиција е своите гости да ги шета низ Белата куќа, тура која за поблиските вклучува и посета на местото каде Бил Клинтон и Моника Левински систематски доведоа до импичмент на Бил.

Русија легализира неизбежен рушвет

По поуката од борбата против дрогата (колку повеќе притискаш, толку проблемот оди подлабоко во подземје), Русија ќе ја легализира корупцијата во оние случаи кога „се мора“.

Италија ќе ги отвори пристаништата за бегалци, ама само за реекспорт

По кратко но напнато натегање Матео Салвини објави дека ќе дозволи бегалците кои се на еден спасувачки брод во Медитеранот да се истоварат на италијанско тло, само под услов од таму директ да се префрлат во Холандија и Германија.

Никоја партија нејќе независни

Поранешниот прв човек на Старбакс најави можност да се кандидира на следните претседателски избори како независен. Иако нема да оди ни лево, ни десно а и сам би си ја финансирал кампањата, во двете партии веќе почнаа да ги затегаат стрелите.

Трудо го разреши канадскиот амбасадор во Кина затоа што зборел без дозвола

Амбасадорот Џон Меккалум е отпуштен затоа што без да добие дозвола проговорил во врска со апсењето на финансиската директорка на Хуавеи, Менг Венџу, на аеродром во Ванкувер.

Големото британско складирање залихи

Од 30-те месеци што ги имаа до брегзит, на Британците им останаа уште едвај два. Додека политичарите се заглавени и држат тензија до последен момент што како ќе се случи, купувачите ги полнат своите шпаизи со резерви, а супермаркетите и компаниите купуваат нови џиновски магацини за своите залихи.

„Касандра“, сапуница која ќе заврши или ќе пукне?

Гео-политичките коцки се наредија на очекуван начин во врска со политичката криза во Венецуела. Најдражесен детал: Албанија и Косово веќе се ставија на „вистинската страна на историјата“, веројатно уште Македонија се чека за коалицијата да биде комплетна па да му „мамата мамина“ на диктаторот Мадуро.

Хрватска во еврозоната е Грција 2.0

Ако Хрватска влезе во еврозоната, Путин ќе го добие најсилното оружје во ЕУ, проценуваат од тинк-тенкот Лексингтон

На еврото ќе му дојде крај кога Германија ќе биде подготвена пак да печати дојч-марки

Еврото моментално служи за цедење пари од периферијата на ЕУ и нивно префрлање во германски банки, а ако некогаш го видиме крајот на еврото тоа ќе биде само затоа што Германија така посакала, објаснува Јанис Варуфакис.

Италијански град продава куќи за 1 евро

Се работи за Самбука, кој се наоѓа на Сицилија, излегува на Медитеранот, има полна зима со сончеви денови и од пред некое време нуди куќи на продажба по цена од 1 евро. Плус, сигурно ќе најдете место за паркинг.

Време е Јапонија да се помири со исходот од Втората светска војна

Пораката е од рускиот министер за надворешни работи, според кого доволно децении се чека Јапонија да дојде на себе околу поразот и конечно да го потпише мировниот план со Русија. Двете земји се уште немаат потпишано мировен договор за завршување на Втората светска војна.

Грција, кинеската дупка во царинските закони на ЕУ

Грчката царина ќе треба на ЕУ да и плати казна од 200 милиони евра затоа што не спречила кинеска криминална мрежа да шверцува облека и патики преку пристаништето во Пиреа. Инаку, во времето кога на Грците им беше најголема драма за пари пристаништето беше отстапено на Кинези.

Ватикан се бори за ситнишот

Една од најголемите, најмоќни и најбогати организации на светот е на почеток од едно долго натегање со градот Рим буквално за ситни пари.

Германски АФД почна да вергла за „дегзит“

Крајно десничарската Алтернатива за Германија изгласа дека треба да започне со кампања за повлекување на Германија од ЕУ доколку Брисел не ги исполни нивните барања за реформирање. Инаку АФД беше прилично небитна партија до последните избори.

А зошто данок од 70% за богаташи да не е разумен?

Откако тазе демократската конгресменка Александриа Окасио-Кортез предложи данок од 70% за оние со богатство на 10 милиони долари, народ се побуни како на сите да им фалат 100 долари до 10 милиони.

Град во Финска воведува „полициски час“ за млади

На сајтов скандинавските земји обично се наведуваат како позитивен пример, за екологија, безбеден сообраќај, квалитетно образование. Оваа вест само на прв поглед изгледа обратно.

Кинезите тргнаа со воспитно апсење Канаѓани

Во мерка која никако не е одмазда за апсењето на директорката на Хуавеи на аеродром во Канада, Кина од апсењето на 1 декември до сега има приведено најмалку 13 канадски државјани.

Трета офанзива против сиромаштијата

Во последните 25 години, Кина на импресивен начин успеа од екстремна сиромаштија да извади 500 милиони луѓе. Ништо помалку интересна е Индија која за 10 години, од дното извлече 100 милиони луѓе а на тој тренд се придружија Мексико, Јужна Африка и други. Бил Гејтс верува дека е можна трета рунда во искоренувањето на сиромаштијата. Треба да се зумира Суб-Сахарска Африка.