Во говор пред Оксфорд унион, Варуфакис порачува дека еврото е погрешно зачнат и лошо направен финансиски инструмент кој ја направи Европа посиромашна.
„Единствената валута го засили ефектот од финансиската криза, и резултираше со подем на крајната десница.
Домино ефектот од еврото на крај директно ја загрозува иднината на демократијата и цивилизацијата,“ порачува Варуфакис.
Неговиот совет во случај на апокалипса на еврото, не е да ги продадеш сите евра што ги имаш, туку да ги вложиш во германска банка, каде по потенцијалното укинување на еврото сите влогови автоматски ќе бидат префрлени во дојч-марки кои во тој момент ќе бидат појаки од која било друга европска валута заради огромниот суфицит што Германија моментално го има.
„Еврото го напуштаме кога на германската политичка елита ќе и се смачи од постојаните борби. Во истиот момент кога ќе намирисаат дека ќе треба да го покриваат италијанскиот долг од 2700 милијарди евра. Верувајте ми, Бундесбанк веќе има планови во фиока за печатење дојч-марки.
Процесот веќе е започнат: во изминатите 2 месеца 200 милијарди евра веќе се префрлени од италијански на германски сметки заради ризикот инвеститорите да бидат оставени со реденоминираната (и послаба) лира,“ порачува Варуфакис