Во оваа тура на „Салман збира“ беа опфатени 87 поединци од кои беа собрани пари, недвижности, цели компании и хартии од вредност.
Од овие 87, комисијата на чело со Салман побара да се покрене обвинение против 60 од нив.
Чистката започна некаде во ноември 2017, а нејзиното комплетирање се смета како обид на Саудијците да ги смират странските инвеститори и соработници по глобалната осуда за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Причина за почетокот на анти-корупциската кампања пред 2 години беа информации дека голем број богати Саудијци почнуваат да вадат пари од земјата и подготвуваат план за заминување.
Што се однесува на властите апсењата се неопходни за да се спречи разјарената корупција и сите инвентори на пазарот да имаат исти шанси. Оние што се на страна на престолонаследникот сметаат дека краткорочниот пад на инвестициите е прифатлива цена за спроведување фундаментална промена која ќе создаде потранспарентна бизнис заедница.
Во првиот бран апсења десетици членови на кралското семејство беа однесени на привремен престој во хотелот Риц Карлтон во Ријад, каде беа задржани неколку месеци.