Новиот предлог пакет анти-корупциски закони во Русија дозволува корупција во „исклучителни околности“. Самиот пакет е операционализација на планот на Путин кој го изложи лани.
Министерството за правда предвиде исклучоци за правна одговорност на луѓе на позиции, за случаи „кога прекршување на анти-корупциските правила е неизбежно“.
„Во одредени околности.... за да се спречи или среди конфликт на интереси.... кога е невозможно поради објективни причини,“ велат амандманите кои про-западните очи ги гледаат како намерни дупки во законот за да се обезбеди правна предност на наклонетите.
„Не постои ниедно разумно објаснување зошто би се користеле исклучителни околности во случаи кога службеник не може да декларира конфликт на интереси,“ смета Илија Шуманов од руското Транспаренси.
Министерството отрпвин не наведе примери во кои би важеле исклучоците но подоцна објаснија дека ригидно држење до анти-корупциските правила е објективно неможно на крајниот север, во оддалечени и ретко населени места, како и во случаи на долготрајни сериозни болести и друго.
Според перцепцијата на индексот на корупција, Русија е 138-ма од 180 земји и има резултат од 28 од 100 (сто е најмалку) на листата на Транспаренси.