Дилер на два тона кокаин уловен на сол

Во најголемата заплена во последниве 25 години во Италија паднаа 2 тона кокаин, додека во Шпанија падна човекот што не ги дочека овие 2 тона.

Дрогата запленета на пристаништето во Џенова е со вкупна вредност од 500 милиони евра, а освен Италијанците во нејзе учествуваат и британска, колумбиска и шпанска полиција. Пратката тргнува од Колумбија и пристигнува во Џенова од каде треба да биде префрлена во Барселона.

За да ги уапси шверцерите од Барселона, италијанската полиција ја задржува пратката од 1.800 цигли чист кокаин кај себе, и ја заменува со сол, кој е пуштен на пат за Шпанија. Во каталонската престолнина, полицијата апси 59-годишен Шпанец кој наводно бил примател на пратката.

По пристигнувањето во Џенова, полицијата има 4 часа да реагира околу кокаинот, а да не предизвика никаков сомнеж. За акцијата се ангажирани 40 италијански војници, кои ја истовараат пратката од Колумбија и ја заменуваат со 1800 пакети сол, плус ГПС уреди кои на крај ги носат до 59-годишниот Шпанец.

Само неколку дена претходно италијанските власти запленија 644 килограми кокаин скриени во кафе пренесувано во еден од илјадниците контејнери на португалски карго брод.

 

1 февруари 2019 - 15:06