Бегалците спасени на 19 јануари во близина на либискиот брег се на бродот „Sea Watch 3“ регистриран во Холандија а управуван од истоимената германска невладина организација.
Салвини на Твитер порача „Во Италија ние веќе примивме, и потрошивме, премногу на мигранти“.
Во исто време холандските власти го одбија барањето за примање на бегалците порачувајќи дека тие не се чувствуваат одговорни за нив.
По ова од невладината најавија дека случајот ќе го поднесат пред Европскиот суд за човекови права, на што од канцеларијата на италијанскиот премиер порачаа дека пред судот ќе аргументираат дека Холандија треба да се справи со НГО-то и неговите мигранти.