На годишната прес-конференција Лавров објаснил дека признавањето на резултатот од Втората светска војна не е ниту ултиматум ниту предуслов.
„Тоа е неизбежен и неопходен фактор во денешниот интернационален систем. Зошто Јапонија е единствена држава на светот која не може во целост да го прифати резултатот од Втората светска војна?“ изјавил Лавров.
На крајот од Втората светска војна двете држави не потпишуваат мир. Во 1956 тие објавуваат заедничка декларација дека тогашниот СССР е подготвен на Јапонија да и предаде две острова кои се дел од Курилските острови што Црвената армија ги освојува во последните денови од војната. Москва бара овој документ да биде прифатен од Јапонија како основа за преговори.
Следната недела во Москва треба да се сретнат Путин и Шинзо Абе за да разговараат за спогодбата која потенцијално би довела до примирје.