Во времето на Студената војна стравот е дека може да дојде до развој на настани кои ќе предизвикаат општи граѓански немири, па се изработуваат процедури и планови за реагирање во таков случај. Како што ова не се случува, плановите одат во архива.
Сега британските медиуми дознаваат дека властите (дал од реален страв, дал од општа предострожност) ги вадат и повторно ги разгледуваат плановите за селење на кралското семејство, вклучително и кралицата Елизабета, на безбедни локации надвор од Лондон.
За брегзитерите, ваквите планови и нивното објавување се непотребно ширење паника од страна на британските власти околу можноста брегзит да започне без потпишување договор со ЕУ. Како главен аргумент на брегзитерите е дека кралското семејство останало во Лондон за време на бомбардирањето во Втората светска војна, па нема зошто сега да бега од британската престолнина.