Свет

А што ќе ти е па Врховен суд?

Како што во САД веќе преминува во навика да се бара рушење на воспоставени институции кога тие одеднаш не се по мерак на големи групи луѓе кои споделуваат заедничко чувство на непогрешива правичност (пример изборниот колеџ), така дел од американската јавност, онаа навредената од изборот на Брет Кавано за Врховен судија, почна да ја преиспитува потребата од постоење на Врховен суд.

Ако не можеш да ги спасиш, шиткај им опрема

Затоа што статусот на кој било обид за ограничување на правото на поседување оружје во САД е безнадежен, дел од училиштата во обидите да спречат училишни масакри тргнаа по друг пат: опремување со најразлична анти-масакр опрема, и тоа повторно потпомогнати од лобито на индустријата за оружје.

Париз во есен: вино, романтика, солзавец и скршени глави

Околу 160.000 луѓе излегоа на демонстрации низ Франција на повик на тамошните синдикати против реформите што Макрон се обидува да ги воведе во социјалната заштита и правата на работниците.

Како прв човек на Интерпол завршува во затвор?

Кога ќе чуеш дека главниот на Интерпол, организацијата задолжена за пронаоѓање луѓе, исчезнал и со денови никаде го нема прво ти доаѓа да провериш веста да не е кромид. Потоа следува соопштение од кинеските власи па работите почнуваат да се разбиструваат.

Цунамито за кое на никого око не му трепна

1.700 луѓе се мртви, 70.000 се раселени и живеат со ограничени резерви вода, и покрај тоа веројатно ова е прв пат што слушате за цунамито кое минатата недела ја погоди Индонезија.

Зошто држави запнуваат да го купат рускиот С-400?

Системот е апгрејд на С-300, и без пропуст доаѓа со даунгрејд на односите со САД и НАТО и закани од санкции или влошени односи со комшиите. Сред ваква констелација Русите имаат редица од сериозни клиенти за системот.

За Полска, Германија уште има за плаќање за Втора светска војна

Тензиите меѓу Полска и Германија моментално се на неизбежното „должите уште пари од војната“ ниво.

Пораката на Макрон за француските пензионери: престанете да кенкате

40-годишниот претседател на Франција кој досегашниот дел од мандатот го мина во жалење те од Трамп, те од Русите, те од Марин Ле Пен, те од сè што не му е по мерак, на пензионерите на својата земја им порача малку да се стегнат и да престанат да кенкаат за тривијални работи како кратење на пензијата.

Загина рускиот функционер поврзан со состанокот во Трамп тауер

Рускиот заменик јавен обвинител Саак Карапетјан загина откако неговиот хеликоптер се срушил во шума на северо-исток од Москва. Карапетјан се смета за човекот со кого директно соработува Наталија Веселницкаја, руската адвокатка што во 2016 се сретна со луѓето од штабот на Трамп.

Маркс стана опасен за Кина

Во онаа титова Југославија, битанги кои одеа да се тепаат на фудбалски натпревари, знаеа под јакна да облечат маица со Тито на грбот. Па ако заигра пендрек, набрзина се соблекува јакната, се понудува грбот со Тито на него и на џандарот му се вика: „Ќе дигнеш ли рака на него?“ Со слчична надеж во Маркс се некои кинески студенти.

Магла, огледала и конгресни сослушувања

Во речиси исто време кога комплетна американска јавност (и вакви и такви) беше залепена пред каков екран и да им е достапен и го гледаше сослушувањето на кандидатот на Трамп за Врховен судија, Брет Кавано, во американскиот претставнички дома беа изгласани даночни олеснувања за најбогатите Американци во износ од 3100 милијарди долари.

Како ЕУ и Британија европски си го спуштаа околу брегзит

Во последната од серијата европско пердашење во неделата британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант ја спореди ЕУ со советски затвор.

Сексот ги крие даноците

Додека нацијата се забавува со средношколските заебавања на судијата Брет Кавана (је моја судбина), Републиканците си бркаат работа со даноците. Без многу галама, во парламентот протуркаа даночни кратења од неверојатни 3,8 трилиони долари.

Непријателот на мојот непријател е муслиман?

Кај Евреите во Германија вкоренетиот страв од нацисти стана засенет со страв од анти-семитизам на над 1 милиони новокомпонирани муслимани жители на Германија кои како бегалци пристигнаа во земјата од 2015 до денес.

Велика Британија назначи министер за не дај Боже

Поранешниот директор од Асда и Пепси, Дејвид Ратли, ќе биде задолжен за надгледување и заштита на резервите со храна на Британија сред стравот за излегување од ЕУ без договор.

Венеција до крајни граници не може да поднесе туристи

После квотите за туристи (и цени што знаат да изнемоштат цел буџет за одмор), и одделување на туристи од локалци, следниот чекор што Венеција го размислува за дојденците да ја олабават е - забрана за алкохол.

Што се може со американскиот воен буџет?

Воениот сектор на САД секоја година цица сè повеќе ресурси на земјата а светот никако да стане помирољубив или подемократски. Следната година за Пентагон ќе се одвојат 717 милијарди долари, повеќе од половина од вкупниот државен буџет. Тоа е двојно поголемо ниво од она што за воени цели Америка го трошеше во 90-тите, пред Буш да почне да ги усреќува Авганистан и Ирак. Што сè се може со тие 717 милијарди долари?  

Латинска Америка има своја мигрантска криза

Венецуела веќе не е експрес лонец, туку темпирана бомба која секој момент може да експлодира, проценуваат познавачите. Сè заради некомпемптетното самоволие и лесно ветената галантност на нивниот број еден.

Америка со 60 милијарди долари ќе ги спасува земјите во развој од Кина

Затоа што кога други држави финансираат проекти во странство тоа се смета за „економска војна“ а кога истото го прави САД, ММФ, Светска банка тоа се „структурни реформи и проекти“, Американците одлучија да основаат агенција која ќе им помага на земји во развој да се ослободат од финансискиот долг кон Кина. Во исто време Кина поседува над 6.000 милијарди од американскиот долг.

Ленин мрчи, Хитлер се враќа

„Хитлер се враќа“ и „Хитлер е со народот“ се најчестите транспаренти со кои дел од жителите на едно мало перуанско гратче го прославуваат процедуралното расчистување на патот кон вториот градоначалнички мандат на нивниот фаворит. Процедурални забелешки имал Ленин.

Сè што е заробено во Сирија мора да биде депортирано дома

Странски борци на ИСИС кои ја преживеале војната во Сирија и завршиле како воени заробеници ќе треба да бидат вратени во своите матични држави, затоа што луѓето што ги заробиле не планираат да ги чуваат.

На Британците уште не им е јасно што ги снајде

Додека неколкуте дена на Тереза Меј на самитот во Салцбург беа прогласени за дебакл, а по дома во игра се сите можни комбинации околу брегзит, на помалку од 6 месеци од отцепувањето од ЕУ просечниот Британец уште е збунка што точно е тоа брегзит.

Италијанските расисти се посебен тип цвикатори

Парламентарец од италијанска крајно десна партија пред неколку години ја споредува италијанската политичарка Сесил Кјенге, прва црнкиња министер во италијанската влада, со орангутан. Кјенге на него и на неговата партија им порача дека се расисти. Сега истата оваа партија е на власт во Италија, и уште и памтат на Кјенге.

Колумбија рекордно ги поместува линиите

Што сè не направија и колумбиските власти и странските служби и меѓународната заедница за да го зауздаат производството на кокаин, па сепак во земјата постојано се рушат рекордите во илегалното производство. Едно време и прскале за да ги уништат плантажите, за потоа да им се каже дека од прсканото луѓето добиваат рак.