Прашаа американски генерал што точно ѝ забележува на Русија

Русија „веројатно“ го крши договорот за забрана на нуклеарни тестирања, изјави влијателен американски генерал од военото разузнување отворајќи со тоа нов фронт во контролата на вооружувањето на двете земји. За подоцна да рече дека „верува дека веројатно го кршат“. За на крај да дефинира дека „верува дека имаат капацитети за тоа“.

Топ генерал на американската војска сугерираше дека е можно Руија илегално да изведува  тестирања на нуклеарни проектили со што директно ја крши меѓународната забрана од 1996 година. 

Зборувајќи на вашингтонскиот тинк-тенк институт Хадсон, директорот на Агенцијата за одбранбено разузнавање, генерал Роберт Ешли, изјави дека САД веруваат дека Русите не се придржуваат на нуклеарниот мораториум со кој се забрануваат нуклеарни експлозии од секаква големина, било за цивилни, било за воени цели.

Притиснат опд новинар на Вол Стрит Журнал да каже што точно САД ѝ забележуваат на Русија на оваа тема, Ешли делумно се огради од своите тврдења и одби да каже далик Русија правела или прави такви тестови.

„Ние веруваме дека тие имаат капацитет за тоа“, ретерираше генералот бидејќи „капацитет за тоа“ имаат и САД и Кина.

BBC пренесе дека организацијата која го надгледува спроведувањето на тој договор соопшти дека немаат регистрирано невообичаени активности а Кремљ зајадливо оцени дека ваквите изјави се симптом на ослабување на професионализмот во Пентагон.

„Понеодговорна изјава не можеше да се даде. Како да не е јасно дека не може тајно да се изведуваат такви операции“, изјави шефот на комитетот за одбрана на руската Дума, Владимир Шаманов.

CTBT договорот Русија го ратификуваше во 2008 година и тврди дека во целост го почитува. САД се потписнички на договорот но никогаш не го ратификуваа документот.

30 мај 2019 - 10:51