Заврши аукцијата на евтини куќи во Сицилија

Очајни да привлечат народ да живее во нивното гратче, властите на Самбука почнаа да ги ставаат празните куќи на продажба со почетна цена од 1 евро. Пепел направија.

Праксата на распродажба на заборавените куќи станува се попопуларна на југот во Италија, а и функционира.

Еден ден по објавувањето на одлуката на градските власти, стотици луѓе од Британија, Дубаи, Панама и Русија пристигнуваат во Самбука (на околу еден час возење од Палермо) за да ги разгледаат куќите. Паралелно со ова телефоните во градскиот совет со недели не престануваат да ѕвонат.

„Се јавуваа во Сиднеј, Лондон, Њујорк. Неколку недели по објавата примивме речиси 100.000 мејлови а голем број потенцијални купувачи се качија уште на првиот лет за да дојдат на Сицилија,“ изјавува за Гардијан градоначалникот Џузепе Качопо.

Во средата беше одржана првата аукција на која се продадоа 16 куќи во сопственост на општината: најевтината беше продадена за 1.000 евра, најскапата за 25.000. Остатокот во просек се продадени за некаде меѓу 5 и 10 илјади евра.

Новите соседи во градот се од британски, израелски, руски и чилеански семејства.

Според Качиопо уште најмалку 50 други куќи приватно (вон аукцијата) се продадени на странски купувачи.

На успешната распродажба се закачи и Дискавери каналот кој планира да прави реално шоу во градот. Тие купија една куќа и ја ангажираа актерката Лорејн Брако (психологот од Сопранови) како главен лик во шоуто.

9 мај 2019 - 10:31