Откако пред некој ден ги потсети сите што кажал во 2011, од градоначалникот на Лондон, до колеги комичари се кренаа против Клиз нарекувајќи ја изјавата „расистичка“ и „дволична“.
Градоначалникот Садик Кан излезе со стандардните мулти-култи фрази „Лондончаните знаат дека нашата разноликост е нашата најголема сила“.
Професорка по историја на Нортумбрија Универзитетот му забележа на Клиз дека коментира за животот во Лондон, додека живее во странство. (Минатата година Клиз изјави дека е разочаран од Англија и дека се сели на Карибите.)
По шаблон беше е и изјавата на 51-годишниот комичар Дом Џоли, „Џон Клиз е еден од моите херои комичари“ ама „ова што го кажа е депресивно на повеќе нивоа“ и „во основа е многу расистички твит“.
Обидот за извинување на Клиз гласеше:
„Претпоставувам дека треба да се извинам за мојата наклонетост кон англиските принципи на кои се базира моето одгледување и растење, меѓутоа на некој начин за мене тоа беше посталожено, поучтиво, покомично, помалку таблоидно и помалку наклонето кон пари отколку она што го замени.“