Свет

Доналд Трамп советува

Шпанскиот министер за надворешни работи објави дека американскиот претседател му предложил тактика за спречување на напливот мигранти од Африка, при што зборот „тактика“ е многу либерално употребен во овој контекст.

Шведска, бумеранг, здраво

Хрватската писателка Славенка Дракулиќ која со години живее во Шведска објаснува дека подемот на крајната десница на последните избори е резултат на предолгото разубавување на состојбите околу миграцијата.

Блумберг се спрема да стане Трамп

Поранешниот републикански градоначалник на Њујорк и долгогодишен финансиер на таа партија се подготвува за претседателската трка во 2020 година. Како Демократ.

Излегување од култот ЕУ

Велика Британија мора да излезе од ЕУ не затоа што е таа е на умирање а нејзината повеќнационалност е осудена да се распадне како што тоа им се случи на Југославија, Австро-Унгарија или Чехословачка, туку затоа што таа организација е претворена во култ.

Берни Сандерс би да формира нова левичарска интернационала

Целта на проектот на Сандерс е да се спротивстави на десничарското „Движење“ на Стив Бенон, кое за сега повеќе привлече медиумско влијание отколку вистински сојузници.

Пенс носи саспенс

„Пазете што посакувате, да не ви се оствари“, им порачува Ролинг Стоун на читателите кои горат од желба Трамп некако да го снема од Белата куќа. Во тој случај, на негово место ќе дојде нешто бетер - актуелниот потпретседател Мајк Пенс. И тоа можеби на 10 години.

Меркел, шпиони и мигранти

Откако во германската јавност се појави видео во кое крајни десничари од Кемниц бркаат мигранти по улиците на градот, канцеларката на Германија изјави дека сликите „многу јасно покажуваат омраза“. За потполно истото видео првиот човек на германското разузнавање изјави дека не е уверен дека крајните десничари го направиле тоа и дека снимката од насилствата може да е лажна. Вакво разидување до сега речиси и да се нема случено.

Американските власти малку се пишманија околу приказната за уапсената Русинка

Кога Марија Бутина во јули беше уапсена од американските власти, сеирџиската јавност и федералните власти беа во трка кој ќе создаде поневеројатна приказна околу ликот и делото на наводната руска шпионка.

На Германија до 2030 ќе ѝ недостасуваат 5 милиони работници

19 од 20-те најголеми светски економии ќе ја дочекаат 2030 година со еден заеднички проблем - недостаток на работници. Единствената земја која ќе нема кусок туку вишок работници ќе биде Индија. И тоа каков вишок: 250 милиони луѓе. 

Кина става шепа на Африка

Најбројната нација на светот трпеливо и систематски ја гради својата глобална стратегија. За наредните три години најавија дека африканските земји ќе бидат помогнати со 60 милијарди долари. И ветија дека зголемениот извоз од Африка нема да се однесува на суровини како што го правеа тоа старите колонијалисти. 

Црнците и дома на кауч гинат од полиција

30-годишни полицајка од Далас е уапсена и обвинета за убиство откако застрелала 26-годишен црнец во неговиот дом затоа што ги помешала становите.

Што сака Германија

Изборите за Европскиот парламент следуваат за околу 9 месеци, а Германија (Меркел) повторно би сакала претседател на Европската комисија да биде псевдо-Германец, „некој што нема германски пасош, но кој ќе ги застапува интересите на Германија, со други зборови, уште еден Јункер“.

Ирак: Овде ноќта паѓа грубо

Може да се каже дека речиси целата територија на Ирак е ослободен од Исис, но таквата оценка важи за преку ден. Ноќе е друга прикаска.

Некому мајка, некому Меркел

Во 2015 година светската јавност ѝ аплаудираше и ја споредуваше со Мајка Тереза кога реши да ги отвори вратите за бегалците од Сирија и други несреќни земји од Блискиот исток. Денес насловните во Германија се полнат со слики од екстремни десничари кои "ловат" странци по улиците и се поздравуваат со нацистички керефеки. Тоа е контрастот кој сведочи за тектонските пореметувања од бегалската криза која во Европа донесе три милиони бегалци 

Како да спискаш 700 милијарди долари, исклучително брзо

Целата операција се сведува на две точки. Прво ги купуваш најскапите оружја во историјата, второ, не користиш речиси ништо од нив бидејќи најголемиот дел од новото оружје што си го купил не работи.

Зошто муслиманскиот свет молчи за третманот на муслиманите во Кина?

Бројката на Ујгури во Кина се движи меѓу 11 и 15 милиони луѓе (зависи кого прашаш), и за сега Обединетите нации и САД се главни критичари за начинот на кој Кина ги третира муслиманите во својата земја. Во исто време, стандардно гласните и (финансиски) активни муслимански земји низ светот се неми на темата.

А ова е твојот мозок на загаден воздух

Ако некој нема недостаток од загаден воздух тоа се Кинезите. Позитивна страна на вака несреќната околност е што можат пообемно да ги истражат последиците што живеењето во гнаса од градови го има врз огромни бројки од луѓе.

Аларм во НАТО: Руси и Кинези - 300.000

Русите за септември ја најавија најголемата воена вежба после завршувањето на Студената војна на која воени игри ќе симулуираат неверојатни  300.000 војници. Две дополнителни главоболки за Алијансата: 1) на руската вежба ќе учествуваат и Кинези 2) НАТО уште е без Македонија.

Грците ќе пробаат со брегзит да ги вратат артефактите украдени од Британците

На почетокот на 1800-те Британците со дозвола на Турците, тогашните владетели на сè во овој дел од светот, од Грција одземаат непроценливи национални богатства од времето на античка Атина. Грците веќе со децении се обидуваат да им објаснат на Британците дека тоа се вика крадење и дека е фер истите плочи да им бидат вратени. Благодарејќи на брегзит тоа може и да им успее.

Саудијците им укинаа и аџилак на Катарците?

Откако комплетно го изолираа Катар (до таму што имаат намера и од полуостров да го претворат во остров), Саудијците одлучија на комшиите да им го забранат и пристапот до Мека.

ЕУ нема да може да ја аутсорсира кризата со мигрантите

На почетокот од летово ЕУ одлучи приливот на мигранти да го решава крајно корпоративно, по сега веќе традиционален рецепт - да му плати на некој друг да му ја мисли за нив.

Издржи Шведска

Скандинавската држава моментално е исправена пред бран на криминал и насилство подеднакво сериозен како финансискиот крах на земјата во 1990-те, алармира најверојатниот следен премиер на земјата.

Драма во најава на ирската граница

Претстојното своеволно заминување на Британија од ЕУ најверојатно ќе значи повторно околчување на границата меѓу Ирска и Северна Ирска. Ако имате гледано барем едни вести пред 1990-та година, знаете како изгледаше тоа.

Европската крајна десница го попрати дома Стив Бенон

Како што сам себе се покани во Европа како месија на крајната десница, така поранешниот советник на Трамп и сам се спакува да се враќа назад во САД откако не успеа да се разбере со никого од своите колеги од крајната десница од оваа страна на Атлантикот.