Пресметките покажуваат дека доколку територијата биде рамноправно поделена меѓу населението секој жител на Англија би добил по околу 4 декари (4.000 метри квадратни).
Меѓу најголемите земјопоседници се Кралицата, бизнисменот Џејмс Дајсон, и неколку пространи ловишта за птици.
И покрај тоа што се знае дека огромни делови од земјата се во посед на мал број луѓе, точните информации за сопствеништвото се речиси недостапни. Со вака масовен имот под себе, земјопоседниците имаат и поголеми права во локалните заедници при носењето на најразлични одлуки за нивното функционирање.
Инаку, околу 17% од територијата на Англија и Велс и понатаму не заведена во регистарот. Ова е возможно затоа што тоа најверојатно е имот на аристократи кои со векови го поседуваат земјиштето и не планираат истото да го продаваат на отворен пазар, па по закон не мора да го пријавуваат во катастар.
Моментално, само 5% од територијата на Англија е под контрола на сопствениците на станови / куќи. Остатокот од распределбата е следен: