Сумата е колку властите ја проценуваат шумата во Комо која изгоре во пожарот предизвикан од скарата на двајцата студенти. 22-годишните студенти на 30-ти декември минатата година распафтале скара сред шума која припаѓала на дедото на еден од нив.
Еден од студентите за медиумите тврди дека тие биле „жртвени јариња за пожарите кои не можат да се објаснат.“
За разлика од нив, италијанското обвинителство успева да го идентификува потеклото на пожарот на имотот на студентите, и тврди дека тој започнал од жар од скарата потпомогнат од екстремно сушната околина.
Пожарот траеше неколку дена и уништи околу 1.000 хектари шума во Монте Берлингера, од кои штетата направена на 100 хектари се смета дека нема да може да се надомести.
Според италијанските закони оштетата за пожар изнесува меѓу 118 и 593 евра по метар квадратен.
Затоа што се студенти и немаа свој имот, двајцата ќе добијат административна забрана на нивните сметки додека се исплати сумата, што најверојатно никогаш нема да се случи. Студентите допрва ќе треба да одговараат за штетата на приватниот имот што пожарот ја направил.