Протераните се дел од над 600-те странци што властите на земјата решија да ги избркаат по терористичките напади. Најголем дел од протераните се жители на Бангладеш, Индија, Малдиви и Пакистан.
По нападот Шри Ланка прави темелна преправка на виза-системот на земјата, со цел да се спречи опасноста странски свештеници дополнително да ги радикализираат локалците за идни напади.
Две недели по нападите црквите во земјата и понатаму се затворени, а се уште е во тек акцијата на полицијата и војската на земјата. Дополнителни десетици илјади припадници на војската беа ангажирани за повторното отворање на училиштата во земјата.
Ставот на локалната муслиманска заедница е дека водачот на терористичките напади бил радикализиран од ИСИС преку странски свештеници. Според извештаите муслиманските заедници од Шри Ланка во повеќе наврати се пожалиле на пропагандата против не-муслиманите (и повикот на елиминација на истите) што ја шири групата што ги изврши терористичкиот напад. Уште во 2017 муслиманите од Шри Ланка организираат протести против екстремистичката банда и нејзиното делување во земјата, а група од 12 муслимани во 2017 до властите имаат поднесено барање за забранување на активностите за екстремистите кои на католички Велигден го извршија нападот.