Премиерот на Шри Ланка објави дека 22-милионската државата и официјално е банкрот, а откако во мај не успеа да ги плати надворешните долгови, таа веќе нема странска валута ни за увоз на најосновните продукти.
Изминатиов месец се случува комплетен крах на сè во Шри Ланка. Последно нешто е дека земјата остана без бензин / дизел, па сега луѓе чекаат пред бензинска по 12 часови.
Во потег кој сериозно ги напнува меѓу-братските релации низ цела планета, претседателот на Шри Ланка го назначи сопствениот брат за премиер на земјата.
Британските власти одбиле да им помогнат на Французите во истрагата за перење пари и даночна измама од страна на британскиот телеком гигант Лајкамобајл. Причина - Лајкамобајл е „најголемиот корпоративен донатор на Конзервативната партија“ и дава пари во труст основан од Принцот Чарлс.