Готабаја Раџапаска е името на новиот претседател на Шри Ланка, а Махинда од истото семејство е новиот премиер на земјата.
Инаку станува збор за политичка династија на Шри Ланка која постојано има некој ангажман на водечки функции.
Новиот премиер, Махинда Раџапаска, прв пат беше премиер на Шри Ланка од април 2004 до ноември 2005. Во ноември 2005 Махинда победува на претседателските избори и го почнува претседателскиот мандат кој му трае се до 2015. Во 2018 Махинда има еден краток, оспорен, премиерски мандат од неполни два месеца, за од денес повторно да се врати на позицијата премиер.
Инаку претседателот на земјата, Готабаја, својата политичка кариера ја започнува како министер за одбрана на Шри Ланка за време на речиси 10-годишниот претседателски мандат на Махинда, и трае исто толку.