Опасната американска носталгија по Студената војна

Луѓето знаат да го романтизираат минаатото и на него да гледаат како на златно доба. Но, што ако тоа златно доба е Студената војна, период на секојдневна опасност од нуклеарна апокалипса, изгладување народи кои се на спротивната страна, правање пучеви во странски држави? Ако. 

Луѓето се склони да го гледаат минатото со замаглени очи и тоа да им се чини многу поедноставно, понаивно и поневино отколку што било, пишува докторот по политички науки Џон Мулер.

„Затоа, без разлика каква е сегашноста, минатото секогаш се рефлектира како подобро и се чини како некое златно доба. Проблемот со тие златни доба е во тоа што ние никогаш не сме ВО нив, бидејќи тие секогаш се лоцирани во минатото.“

Тоа е добро проучен феномен и се вика „грешки на ретроспекцијата“. Луѓето имаат тенденција да ги заборават негативните работи и за минатото да судат во позитивно светло. Истовремено, историјата се поедноставува и се сведува на збирка „битни“ и „клучни“ моменти. Кога се вртиме наназад, минатото ни изгледа јасно и разбирливо, за разлика од сегашноста која е хаотична, несигурна и не се знае „каде оди“.

„Се наоѓаме во моменти кои се без преседан,“ често знаат да кажат политичари и генерали, што најчесто е погрешна перцепција. Кога таквата перцепција е основа за донесување политички одлуки, резултатите можат да бидат лоши, па дури и катастрофални.

Во американската надворешна политика, Студената војна има посебно место бидејќи селективно се памти како глобално идеолошко воено поле во кое тие го победија комунизмот. Во таа колективна носталгија комплетно се замижуваат геноциди и масовни гладувања, огромните жртви во војните од секаков вид како и вкупно 72-та обиди за пучеви и промени на режими кои САД ги имаат направено меѓу 1947 и 1989 година во глобалната гео-стратешка партија шах. Без сето тоа на ум, Студената војна им изгледа како стабилен период со предвидлив исход.

Во главите на серија генерали и влијателни луѓе во Пентагон, светов постојано и без пауза станува сè поопасно и понебезбедно место со смртни непријатели колку сакаш (Ирак, Иран, Северна Кореја, џихадски тероризам, домашен тероризам, сајбер напади, Кина.....).За „безбедњак“ веројатно светот и не може да изгледа поинаку.

На име на „бројните и сè побројни непријатели“, САД после 11-ти септември, во војни ширум светот имаат потрошено 4 трилиони долари. Ваквото стратешки погрешно дијагностицирање ја одвраќа политиката од решавање на вистинските закани за американскиот народ кои се речиси ексклузивно домашни: премногу оружје без контрола, дроги, социјални јазови, лоши јавни сервиси.... 

„Ниту минатото било толку сјајно, ниту сегашноста е толку лоша“, вели Мајка Зенко, еден од авторите на книгата „Светот никогаш не бил подобро место и зошто е тоа важно за Американците“.

17 април 2019 - 13:35