- Урсула фон дер Лејен за понеделник свика седница на Специјалниот колеџ за безбедносни прашања, за да дискутираат за ситуацијата ви Иран.
- Претседателката на Европската комисија нагласи дека клучно за регионалната безбедност и стабилност е да нема понатамошна ескалација „поради неоправданите и неиспровоцирани напади на Иран врз партнерите во регионот“.
- Претходно, Фридрих Мерц, Емануел Макрон и Кир Стармер ги осудија нападите на Иран врз блискоисточните земји и не кажаа ни збор против САД и Израел, кои ја почнаа војната со „превентивните напади“.
- Во тие напади беа таргетирани 30-тина цели во Иран и јужен Либан и освен 86 годишниот ајатолах Хамнеи, беа убиени неговата ќерка, внука, снаа и зет.
- Во нападот врз основно училиште за девојчиња во јужниот ирански град Минаб бројот на жртви се движи од 40 до 85.
- Оправдано и испровоцирано.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.