- Лидерите на Германија, Франција и на Британија во заедничко соопштение ги осудија нападите од Иран врз блискоисточните земји и побараа од Техеран да ги продолжи преговорите за нуклеарната програма.
- Фридрих Мерц, Емануел Макрон и Кир Стармер не кажаа ни збор против САД и Израел, кои ја почнаа војната со „превентивните напади“ врз резиденциите на државните функционери во Техеран.
- Единствено забележаа дека нивните војски не учествуваат во операцијата „Епски гнев“.
- „Најостро ги осудуваме иранските напади врз земјите во регионот. Го повикуваме иранското раководство да бара решение преку преговори. На иранскиот народ мора да му се дозволи да ја одреди својата иднина“, напишаа лидерите на трите земји.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.