А на дното, ќеса

Приватен инвеститор со својата подморница се нурнува на 10.927 метри во најдлабокото место на светот, и таму наоѓа едно многу ништо и едно парче отпад.

Поранешниот офицер на американската морнарица Виктор Весково решава да го повтори подвигот од 1960-та кога подморница за прв пат се нурнува во Маријанскиот ров. Овој пат тој стигнува 16 метри подлабоко нивниот обид, притоа поставувајќи рекорд за најдлабоко нурнување во историјата.

Портпаролката на експедицијата изјавила дека Весково на дното нашол материјал произведен од човек за кој треба да се потврди дека е пластика.

Моментално се проценува дека во океаните пловат околу 100 милиони тони пластичен отпад.

Ова е трет пат како луѓе се нурнуваат на таа длабочина. Претходно во 2012 режисерот Џејмс Камерон се симна на 10.908 метри, а во првата експедиција кон дното на Маријанскиот ров, американската морнарица стигна до 10.912 метри.

 

14 мај 2019 - 10:39