ИНС Арихант е првата нуклеарна подморница на Индија, и според индиските медиуми таа повеќе не е во служба затоа што претрпела „големо оштетување“. Според морнарицата причина за ова е „човечка грешка“ - им влегла вода во главниот погон затоа што една од надворешните врати не била затворена како што треба.
Инцидентот се случува кратко по пуштање на подморницата во служба, и од тогаш се работи на нејзино поправање и чистење, а освен тоа се сечат и заменуваат голем број од цевките во подморницата. Се работи за цевките кои ја носат течноста за ладење до и од нуклеарниот реактор на подморницата од 83 мегавати. Стравот е дека морската вода може да предизвика нивна корозија, па за некоја година пак да им се случи хаварија.
Арихант е модифицирана верзија на руската подморница Акула, во која се сместени ракети со најразличен домет. Арихант требаше да го комплетира тројството на нуклеарните капацитети на Индија (копно, воздух, вода), главно насочени кон Пакистан.