Извештајот е сработен од британската Национална ревизорска канцеларија, која за парламентот го пази трошењето на народни пари. Обележана како „чувствителна“, истрагата предупредува дека трошењето на британската влада на брегзит консултанти ако вака продолжи до 2020 може да стигне до 272 милиони евра.
„Протечените бројки го нагласуваат владиното потпирање на најмени консултанти кои треба да дадат експертиза како што земјата се движи кон излегување од ЕУ на 31 октомври без воопшто да има договор за тоа,“ пишува Гардијан.
74 милиони од овие пари се потрошени на договори потпишани од владините „заеднички служби“ и тоа главно се со шест консултантски компании: Делојт, ПА консалтинг, Прајсвотерхаускуперс, Ернст и Јанг, Беин анд компани, и Бостон консалтинг.
Изворите на Гардијан изјавуваат дека најголем дел од консултациите што се плаќаат се однесуваат на планирање на брегзит без договор.
Во извештајот се критикува и немањето транспарентност на владата околу трошењето пари, и дека веќе неколку месеци не се објавени никакви информации за нивната потрошувачка на консултанти.