Бродот на добротворната организација Медитеранеа кој донесе 30 бегалци на италијанското пристаниште Лампедуса, е запленет од италијанските власти.
Салвини на Твитер и се пофали за потегот, пишувајќи:
„Последното патување за бродот... Маре Јонио. Блокиран и запленет. Чао, чао.“
Другата група од 30-на бегалци спасени од италијанската морнарица, беа истоварени во Сицилија откако неколку членки на ЕУ (Франција, Малта, Луксембург и Германија) се сложија да преземат најголем број од бегалците. Воениот брод не бил на хуманитарна мисија туку само во моментот се нашол во близина на местото на несреќата.
Во петокот најмалку 65 бегалци се удавија кога нивниот брод потонал во меѓународните води во близина на брегот на Тунис.