Секој шести жител на Данска се сметал себе си за феминист/ка, една третина изјавиле дека свиркањето по женски на улица е прифатливо, а 40% биле ненаклонети кон #МеТоо движењето.
Меѓу одговорите што ги добиваат анкетарите од ЈуГов има:
- Ова е тешко прашање. Што модерна феминистка? Јас не сакам да бидам еднаква во секоја смисла.
- Зависи што подразбирате под тоа, јас сум секојдневна. Нема јас да ти излезам да марширам по улици.
Според податоците, само една четвртина од Данките се смета себе си за феминистка. За споредба, во соседна Шведска тоа изнесува 46%. Данките имале понизок просек и од држави како Италија, Шпанија и Британија, кои инаку се зад Данска во однос на родовата еднаквост.
Анкетата покажува дека Данките повеќе би сакале некој да им свирка на улица, отколку да ги нарекуваат феминистка. Свиркањето било прифатливо за една третина од испитаничките (два пати повеќе отколку титулата феминистка).
„Не ми пречи се додека е фино направено. Всушност го сметам за комплимент.
Многу Данки ќе ви кажат дека тие би сакале кога мажите би биле повеќе како во јужна Европа и да ти кажуваат колку убаво изгледаш,“ изјавува за Гардијан 37-годишната Хелен Фрост Хансен.
Професорка по комуникации на Универзитетот Росклид резултатите ги објаснува со тоа што Данците се подготвени да толерираат одреден однос доколку веруваат дека тој е добронамерен:
„Ние имаме култура во која тоа што го кажуваш не е расистичко или сексистичко ако не ти е таква намерата кога си го кажал.
Можеш да фатиш жена, но се додека тоа го направиш на шала, тогаш културолошки ние сметаме дека тоа не е нешто лошо.“
Што се однесува на #МеТоо, и без анкетата движењето многу лошо мина во Данска, а на анкетата доби поддршка од 4% од мажите и 8% од жените. Една од жените со кои разговара Гардијан смета дека движењето ќе направи мажите претерано да се пазат во нивниот однос со жените, како приватно така и службено.