Гледанка

Букбокс гледаше: „Падот на куќата на Ашерови“ или кога Едгар Алан По би ја напишал „Сксешн“

Збир на повеќе дела на Едгар Алан По, препрочитани во современ клуч, оваа „хорор“ серија е всушност повеќе парабола за проклетството на големите пари и бескрупулозноста на бизнисот со лекови кои се рекламираат како „убијци“ на болката. Вистинските убијци се всушност на друго место. 

„Најад“: 64-годишната пливачка што исплива од Куба до Флорида

Нов филм на Нетфликс ја раскажува приказната за Дајана Најад, маратонска пливачка која на 60 години одлучува да го заврши она што не успеала на 28 - да исплива повеќе од 170 километри среде ајкули и отровни медузи. Успева по неколку години и обиди. 

Букбокс гледаше: „Грабнувањето“ (серија, 2020)

Британска серија за мрачната страна на набљудувањето со безбедносни камери на секојдневните движења на градските улици, кое се оправдува со повисоки интереси на информираноста и следењето сомнителни активности. Но што се случува кога границата помеѓу снименото и реалноста ќе се замагли?

Букбокс гледаше на Киненова: „Чувари на формулата“ (2023)

Доколку е добро направен, филм за до сега нераскажана епизода од релативно блиското минато, која содржи доволно елементи на политички трилер и човечка драма, не може да не е успешен. Така е и со оваа екранизација на роман за „српскиот Чернобил“, кој ја доби главната награда за најдобар филм на вчера завршениот фестивал Киненова. 

Букбокс гледаше: „Конференција“ (Нетфликс, 2023)

Шведски хорор со моменти на комедија, од жанрот „слешер“, кој е истовремено остра критика на корпоративната култура и собирите од типот на тим билдинг. И овој почнува така, со тимот на куп, а завршува со тоа што повеќето од членовите се оправдано отсутни.

Букбокс гледаше на Киненова: „Опасни господа“ (2022)

Забавна крими-комедија која на едно место ги обединува најголемите имиња на полската литература и сликарство од крајот а 19 и почетокот на 20 век. Дури и да не ги знаете нивните биографии, доволно е да го замислите следново: Григор Прличев, браќата Миладиновци, Петар Мазев и Петре М. Андреевски се будат после пијана журка, а до нив има мртво тело на човек што не го познаваат. Како не ни текнало до сега, нели?

Букбокс гледаше: „Те дуа, жими мене“ (2023)

Како и речиси сите македонски долгометражни филмови, и овој најпрвин требало да го надмине основниот предизвик - воопшто да биде снимен. Независна продукција со одлична актерска екипа која слободно може да чита и телефонски именик, тоа е забавна комедија на забуни, која си подигрува со балканските стереотипи.

Букбокс гледаше: „Убиствата во Валхала“ (мини-серија, 2019)

Дебитантска серија на Тордур Палсон, излезена од перото на најдобрите исландски сценаристи, најпрвин се прикажуваше на локална ТВ во оваа земја, а потоа на Нетфликс. Како се рангира на листата сканди-ноар серии?

Букбокс гледаше: „Мостот“ (Bron/Broen, серија)

Серија која хронолошки не е прва во овој жанр, но делува како „мајка“ на сканди-ноарот. Иако темите би требало да ни се блиски (и ние сме во Европа, нели?), по само неколку епизоди станува јасно дека секоја од нив треба да се гледа со тефтерче пред себе за да се запомнат сите тие „Андерсони“ и „Јоргени“ и поврзаноста помеѓу настаните и ликовите. Токму онака како што и би очекувале од една квалитетна криминалистичка серија која не треба да е „тралалајка“ за пред заспивање, какви што се понекогаш американските. 

Букбокс на Македокс: „Им треба светлина“

Џеси МекЛин, режисерката на овој документарец, очигледно сака растенија. Или барем сака да ги разбере оние луѓе кои дури и во мали станови живеат опкружени со толку многу, и толку големи билки, што делува како да имаат еден куп цимери. Секојa oд нив со своите каприци и потреби, главно од вода и светлина. Делува едноставно, но како што знаеме и од искуство и од филмот, ич не е.

Букбокс на Македокс: „Сонувајќи го Мураками“ 

Како најава на 14-тото издание на Фестивалот на документарен филм, кој почнува на 17.8 (четврток), осврт за - како што најавува и самиот наслов - „сонувачки“ филм за магичната територија каде се среќаваат авторот и преведувачот, оригиналот и преводот, документарното и фикцијата. 

Букбокс гледаше: „Харакири“ (1962)

Секоја чест на „Опенхајмер“ и сличните епски приказни за човечки трагедии, за чија убедливост придонесуваат брзата монтажа, драматичните визуелни ефекти и тресењето на столицата во кино салата поради прегласниот звук (кој веројатно треба да симулира експлозија на атомска бомба некаде кај Драчево, додека вие сте во Карпош). Во овој филм нема ништо од сето ова. Плус е за период и за земја за која малку знаеме. Па сепак, ефектот е неверојатно силен, а филмот еден од најдобрите кои некогаш сме ги гледале.

Букбокс гледаше на Синедејс: „Еден тон сладолед“ и „Дали си маж?“ 

Има нешто многу привлечно во кратките филмови кои, ако се направени како што треба, успеваат да го „згуснат“ гледачкото искуство на начин на кој 15 минути се доживуваат поинтензивно отколку кога се гледа долгометражен филм од саат и кусур. Иако основната причина за краткоста во наши (и секакви) услови се најчесто финансиите, овој „хендикеп“ всушност може да биде голема предност.

Букбокс гледаше: „Атена“ (2022)

Роман Гаврас е познат по неколку работи: по тоа што е син на славниот Коста Гаврас, по режирањето на спотови за М.И.А. и Кање Вест, по бившата Рита Ора и сегашната Дуа Липа. „Атена“ е негов трет игран филм, премиерно прикажан на ланскиот Венецијански филмски фестивал, кој комбинира наратив кој потсетува на старогрчка трагедија со визуелни ефекти на масовни акциони филмови. Важен елемент е и музиката, од која дел е снимен во Скопје.

Букбокс гледаше: „Загубениот крал“ или како една жена-аматер успеа да го најде гробот на Ричард Трети

Филм за добро расположение, базиран на вистинската приказна за пронаоѓањето на гробот на британскиот крал од страна на Филипа Ленгли во 2012. Но и многу повеќе од тоа - критика на академскиот естаблишмент кој суетно и арогантно знае да одбива свежи идеи и алтернативни приказни. 

Букбокс гледаше: „Деновите“ (мини-серија, 2023)

Повеќето критики кои излегоа веднаш по премиерата на „Деновите“ на Нетфликс овој месец уште во воведот најавуваат - „не е како онаа за Чернобил“. И навистина, иако станува збор за различни контексти, па оттаму споредбата можеби и не е сосема фер, таа разочарува со своето фокусирање на техничките детали, а притоа многу малку гради реални човечки ликови и нивни приказни. Можеби токму поради она стереотипното јапонско - давањето предност на колективната приказна пред поединечните.

Букбокс гледаше: „План 75“ (2022)

Овој јапонски филм беше прогласен за победник на неодамна одржаниот Филозофски фестивал во Скопје. Зборувајќи за свет во кој нема место за остарените, тој всушност длабоко задира во начинот на кој општеството ги вреднува своите до скоро највредни поединци - прогласувајќи ги за „вишок“ и поттикнувајќи ги на доброволно самоубиство за општо добро.

Букбокс гледаше: „Сладок грав“ (2015)

Топла приказна за моќта на поврзување на храната и традицијата. Поголем дел од филмот изгледа како реално шоу за готвење, со спори и тивки сцени кои што се однесува до нас можеле да го сочинуваат и целиот филм. После него може ќе се фатите за работа - да направите „дорajaки“, јапонска палачинка со фил од сладок грав. 

Букбокс гледаше: „ПЕЗ одметникот“ (2023)

Документарец на Нетфликс чија централна тема можеби не би била вредна саат и пол доколку не е нејзиниот главен лик, а кој тешко дека би можел да се опише како криминалец, иако реално она со што се занимавал спаѓа во „сивата“ зона на законот. Подеднакво интересни се неговите клиенти, oпседнати колекционери на нешто на што и ние се радувавме како мали.

Букбокс гледаше: „Вистинска приказна“ (2015)

Kaко што најавува самиот наслов, ова e вистинска приказна, или барем едно можно толкување на вистината, за убиец и за новинар кој запаѓа во мрежата на лаги на својот „субјект“. Филмот за жал не го користи до крај нејзиниот потенцијал, но сепак е поучен, за тоа до каде еден раскажувач е подготвен да оди само за да добие приказна. 

Букбокс гледаше: „Виновниот“ (2018 и 2021)

Две верзии на една многу интересна приказна снимена на крајно камерен начин, со практично само еден лик во кадарот, можат да послужат како нагледен пример за анализа на разликите помеѓу европската и американската кинематографија. 

Букбокс гледаше: „Сент Омер“ (2022)

Заснован на вистинско судење во Франција од 2016 на имигрантка од Сенегал за убиство на својата 15-месечна ќерка, во кое главен аргумент на обвинетата и на одбраната било дека таа го сторила делото под влијание на магија.

Букбокс гледаше: „Сè што дише“ (2023)

Среде еколошката катастрофа и политичките турбуленции во Њу Делхи, во овој документарец номиниран на овогодишните Оскари, двајца браќа се зафаќаат со донкихотовска задача - да ги спасат локалните јастреби од раните кои им ги задава градот.

Букбокс гледаше „Токио вајс“ (серија, ХБО, 2022)

Адаптирана врз основа на мемоар од 2009 под истиот наслов, оваа криминалистичка драма (засега само со прва сезона) е базирана на вистинска приказна за американски новинар кој по стек на околности станува единствениот странец кој пишува за јапонски дневен весник.