Гледанка

Букбокс гледаше: „Менито“ (2022)

Уште еден филм од изминатата година чиј заплет вклучува група богаташи на изолиран остров и силна социјална критика. Ако во „Триаголник на тагата“ имаше сцени со повраќање, во „Кромид од стакло“ студено оружје, тука има вечера за неколкумина одбрани, кои набргу сфаќаат дека самите се ставки на менито.

Букбокс избор за филм на 2022: „Наречниците од Инишерин“

Со оглед на тоа дека куп филмови од оваа година допрва ќе дојдат на ред за гледање , бидејќи се уште не се достапни на вообичаените извори за снабдување, можно е некој од нив накнадно да изненади. Сепак, на неколку дена од Новата година, ова е насловот кој нè освои со комбинација на луд заплет, одлични актери и големи зелени површини низ кои фучи нешто што дури и преку екран мириса на чист воздух.

Букбокс гледаше: „Пливачките“ (2022)

Почетокот на новиот филм кој се прикажува на Нетфликс, „Пливачките“, воопшто не асоцира на она што ќе следи. Годината е 2011, а местото базен во Дамаск, Сирија. Две сестри, талентирани пливачки, тренираат под будното око на таткото. Едната од нив е одлучна дека ќе се натпреварува за својата земја на Олимпијадата во Рио. Но војната ги пореметува сите планови.

Букбокс гледаше: „Будала“ (2014)

Како нарекуваме човек кој е чесен, хуман, одговорен, подготвен на жртва за колективното добро? Кој заменува украдени сијалици во влез и постојано ја поправа истата клупа пред зграда? Нормално - будала!

Букбокс гледаше: „Плејлиста“ (мини-серија, 2022)

Приказната за основањето на стриминг сервисот Спотифај, која ни овозможува да ѕирнеме зад сцената на еден од најмоќните бизниси на светот, оној со дигитална музика. Иако има и „холивудски“ моменти, шведската серија не би била таква - шведска - да не содржи и социјална критика, промоција на „лајт“ социјализам, интересна „рашомонска“ наративна структура и, последно но не и најмалку важно, крај што остава во прашалници.

Букбокс на Киненова: „Анадолскиот леопард“ (2021)

Филм во кој многу нешта умираат, а не се раѓаат нови. Минатото како тег влече кон дното, а иднината изгледа како приватизиран имот ограден со висок ѕид, во кој нема место за ендемични примероци на животни и луѓе - оние кои всушност би требало да бидат заштитено национално богатство.

Букбокс гледанка: „Снежана умира на крајот“ (2022)

Антидепресивен филм кој зборува за депресивноста на урбаниот живот. Фил-гуд атмосфера врз мрачната позадина на тука и сега. Како против отровот на омразата, криминалот, глупоста? Па со љубов, луѓенца. 

Букбокс гледаше: „Последната егзекуција“ (2019)

1981, Источна Германија. Базиран врз вистинска приказна, филмот зборува за научник кој откако е доброволно регрутиран како разузнувач, од морални причини се премислува. За жал, предоцна за да може нешто да смени.

Букбокс гледаше: „Одмазда“ (2022)

Филм кој ве вози по жанровски кривини - почнува како „лајтерица“, комедија на забуни и сатира, за подоцна на моменти нагло да сврти во поинакви води, доволно кратко за да не оптовари, но и доволно јасно за да разоткрие силна социјална критика, особено кон поделбата на „градски деца“, растени на чиа и електрични велосипеди, и „провинцијалци“ кои се радуваат на хамбургер. Ама додека првите само го цитираат Чехов, вторите навистина го читале.

Букбокс на Македокс: „Нели и Надин“ (документарен, 2022)

Шведскиот режисер Магнус Гертен е фасциниран од архивски снимки од пристигнувањето во Малме на преживеани од германските логори од Втората светска војна. Ова е негов трет филм на оваа тема, обид за идентификување на анонимните ликови и нивните приказни. И тоа какви приказни!

Букбокс на Македокс: „Во близина“ (документарен, 2021)

​​Трогателен филм за стареењето, опаѓањето на физичките моќи и периодот од животот кога единствено што останува се спомените, натрупани во душата исто како што е натрупан станот на 91-годишните близначки, некогашни славни пијанистки.

Букбокс гледаше: „Златни гласови“ (2019)

Kрајно шармантен филм, во кој низ приказната за двајца возрасни советски актери кои ги позајмуваат своите гласови за синхронизација на странски филмови, ја следиме и нивната лична судбина, но и носталгично се навраќаме на филмот како уметност, за многумина и живот. 

Букбокс гледаше: „Морфиум“ (2008)

Филм направен врз основа на „Записите на младиот лекар“ на Булгаков, за млад и неискусен доктор испратен во руската провинција во бурните години на револуцијата. Она што за некого ќе биде потребен лек, за него станува зависност и неуспешен ескапизам.

Букбокс гледаше : „Еден рез за мртвите“ (зомби-хорор-комедија, 2017)

„Издржи го првиот пола саат“ - беше советот што го добив кога ми го препорачаа овој филм, кој жанровски не е она што изгледа на прв поглед, и покрај сета крв, врескање и пресечени екстремитети.

Букбокс гледаше: „Излезен од шини“ (документарен, 2016)

Неверојатна приказна за човек, кој заљубен во подземната железница и сите видови транспорт, 32 пати завршил во затвор, поради лажно претставување како возач и кондуктер, и покрај тоа што од таквата измама немало никаква штета.

Букбокс гледаше: „Мечката“ (серија, 2022)

Има нешто во жанрот „приказни од ресторанските кујни“ што прави тука да лежат многу дебели и динстани зајци, полнети со смеса од акција, трилер и комедија. Претпоставката е дека дури и да пуштиш само снимки од безбедносна камера зад пултот на кој и да е фенси ресторан или крајпатна кафана ќе добиеш нешто многу повозбудливо од денешните алгоритамски скроени нарации. Но ако во сето тоа уфрлиш и асли ликови и судбини, тогаш зајакот е веќе мишелински.

Букбокс гледаше: „Крадецот, неговата жена и кануто“ (мини-серија, 2022)

Траги-комична вистинска приказна за сопруг кој одлучува да ја лажира сопствената смрт поради долгови. И сопругата која иако неволно, сепак го следи неговиот луд план.

Букбокс гледаше: „Каде си, Д. Б. Купер?“ (мини-серија)

На 24 ноември 1971, на Денот на благодарноста, средовечен маж кој со себе носел црна акт-чанта се појавил на штандот на Нортвест Ориент ерлајнс на аеродромот во Портланд. Се идентификувал како „Ден Купер“ и со готовина купил билет во една насока на летот 305, за само триесетминутно патување до Сиетл. Се качил во авионот и нарачал бурбон и сода. Така влегол во легендите.

Букбокс гледаше: „Човекот што си ја продаде кожата“ (2020)

На моменти филмот кој во 2021 беше номиниран за Оскар делува како пародија, на други како сатира или протест. Впечатокот е дека од приказната можело да се извлече повеќе драматичност и убедливост. Но без оглед на ова, метафорите и критиката се очигледни - луѓето од „третиот свет“ и буквално ја продаваат својата кожа во потрага по подобар живот.

Букбокс гледаше: „Капетанот“ (2017)

Неверојатна вистинска приказна за германски дезертер од Втората светска војна, кој по склоп на околности наоѓа капетанска униформа и почнува да глуми oфицер на Луфтвафе. Како што влегува во улогата, така почнува да презема сè порадикални чекори. 

Операција „Мелено месо“: како една апсурдна измама помогнала во победата на сојузниците во Втората светска војна

Нов филм фрла светлина на помалку позната епизода од Втората светска војна, резултат на сложена измама планирана од Британците, која во секој момент можела да тргне наопаку. Целта била да се отргне вниманието на Германците од планирана инвазија на Сицилија, а наместо тоа, преку шпионски канали, да се пласира доволно убедлив „таен“ план за навлегување во Европа преку Грција. Иако на почеток звучел бизарно, планот успеал да спаси десетици илјади животи и да го промени текот на војната. 

Букбокс гледаше: „Скалилата“ (мини-серија, 2022)

Тешка за жанровско определување, оваа серија е истовремено детален водич низ еден повеќегодишен судски случај, но во поопшта смисла е и неверојатен каламбур на вистини и лаги, искреност и манипулации, добри намери и лоши завршници. 

Букбокс гледаше: „Малер опнување или безумно порно“ (2021)

Насловот е можеби претерано „накитен“ но и не толку далеку од провокативноста, и на структурата и на содржината на овој романски филм, кој лани ја доби Златната мечка во Берлин.

Букбокс гледаше: „Кларк“ (мини-серија, 2022)

Биографска приказна за човекот кој важи за првиот селебрити-гангстер. Тој освен за убиства, кражби, измами и други кривични дела е заслужен и за создавањето на изразот „Стокхолмски синдром“. Истиот оној кој ќе го почувствувате откако серијата ќе ве направи заложник на неговата инфантилна и опасна фигура.